Израел ги блокира Палестинските региони по повод Еврејската нова година

by Administrator

Израелските безбедносни сили ги блокираа палестинските региони по повод тридневното одбележување на еврејската нова година, пренесува Анадолу.

Израелските сили ги затворија сите контролни пунктови во окупираните Западен Брег и Газа, а влезот во Израел им е дозволен само на Палестинците кои имаат специјални одобренија од израелските институции.

Евреите ја одбележуваат Новата година од денес до вторник, а во таа прилика стотици еврејски доселеници влегоа во комплексот Ал-Акса.

Јорданската фондација која управува со Ал-Акса соопшти дека 235 еврејски доселеници влегле во светиот комплекс во раните утрински часови, придружувани од израелската полиција.

You may also like