(Видео) Јеменските Хути заробиле повеќе од 1000 Саудиски војници и нивната опрема

0
105

Официјален представник на Јемнските сили и Хути милицијата, Јахја Сарија, вчера изјави дека силите на движењето „Ансарулах“ на границата со Саудиска Арабија пресретнале и заробиле околу три саудиски бригади со вкупно 1.000 војници и нивна воена опрема, вклучувајќи и оклопни возила.

Претставник на борците на Хути вети дека „затворениците се третираат во согласност со верските принципи, обичаи и традиции на Јемен“.

„Војниците на јеменските хаути извршија голема воена операција на границата со саудиската провинција Најџран, за време на која заробија неколку илјади војници и заплени неколку стотини транспортни возила на арапската коалиција“, рече бригадниот генерал Јахја Сарија, официјален портпарол на вооружените сили на движењето, за Прес ТВ.

„Вооружените сили на Јемен соопштија дека е спроведена огромна воена операција во регионот Наран. Непријателот претрпе големи загуби во техниката и работната сила. Илјадници непријателски војници беа заробени, стотици беа убиени и ранети “, изјавил генералот Јахја Сарија, пренесува РТ.

Во 72-часовната операција, Хутите успеаја да опколат „три непријателски бригади на непријателските сили“, кои беа целосно уништени, а со тоа „ослободувајќи“ стотици квадратни километри. Сарија соопштил дека е запленето голем број на оружје, вклучувајќи неколку стотици транспортни возила. Во приведените се наоѓаат саудиски војници и офицери, многумина команданти, но и војници од други националности.

Huti zarobili 1000 vojnika Saudijske Arabije
Хутите заробија 100 војници на Саудиска Арабија

Генералот Сарија исто така изјави дека тие имаат намера да го замолат непријателот да размени затвореници. Тој додаде дека покрај копнените сили, милициите на Хутите користеле и противвоздушни и ракетни сили, како и единици надлежни за лансирање на напади од беспилотни летала за време на операцијата.

Саудиската коалиција досега ниту ги потврди, ниту ги негираше овие информации.

Војната во Јемен започна со агресијата на Саудиска Арабија, која започна геноцидна кампања во 2015 година против милициите на Хути. Воздушните напади на Саудиска Арабија убија илјадници цивили и точната бројка на загинати во конфликтот сè уште не е утврдена, бидејќи таа варира во зависност од изворот. Во земјата, поради саудиската блокада од копно, море и воздух, ситуацијата се претвори во хуманитарна катастрофа, потврдена од Обединетите нации.

ВИДЕО: Дел од контингент на заробени саудиски војници во Најран

https://youtu.be/s-135-nAPEA