Во Националното собрание на Австрија е прифатен предлогот кој предвидува вршење инспекција на здруженијата при организациите како „Мили Ѓоруш“ и Турско-исламската асоцијација за култура и социјална помош во Австрија (АТИБ), и нивно затворање во случај да се открие нешто незаконско, јавува Anadolu Agency (AA).
Се одржа последната собраниска седница пред изборите што ќе се одржат во земјата, во чии рамки беа разгледани предлозите на различните партии во рамки на борбата против екстремизмот.
Предлогот за затворање на некои организации на муслиманите даден од страна на партијата „Liste Jetzt“ која на претходните избори успеа да влезе во Парламентот изразувајќи став против Турција, беше прифатен со гласовите на централно десничарската партија „Австриска народна партија (ÖVP)“ и на екстремно десничарската партија „Партија за слобода на Австрија (FPÖ)“.
Во предлогот се користи изразот „исламистички здруженија“ во врска со организациите на муслиманите, а е побарано да се вршат инспекции на здруженијата при АТИБ и „Мили Ѓоруш“, и нивно затворање доколку бидат откриени некои кривични дела.
Предлогот е во својство на препорака за постоечката влада, а нема моќ да врши некоја санкција.
Од друга страна, привлече внимание фактот што предлогот наменет за привремената влада во врска со затворање на организациите на муслиманите е прифатен во Парламентот четири дена пред одржување на изборите.
Инаку, според повеќе од анкетите во врска со изборите во Австрија, партијата „Liste Jetzt“ ќе освои 2 отсто од гласовите, и нема да влезе во Парламентот, а се претпоставува дека оваа партија ја започнала оваа иницијатива за да добие гласови.
– Не е прифатен предлогот во врска со неонацистичкото здружение
На оваа седница беше разгледан и предлогот за затворање на неонацистичкото „Идентитарно движење на Австрија“.
Парламентот не го прифати предлогот за затворање на ова радикално движење, кое претходно изврши различни расистички напади врз организациите на муслиманите во земјата, и за кое беше откриено дека има поврзаност со австралискиот терорист што уби 51 муслиман во Нов Зеланд.









