Русија ја покрена 2. (втората) испорака на ракетниот систем С-400 намет за Кина, по морски пат, објави ТАСС повикувајќи се на извори блиски воени кругови.
“Транспортен брод со првата група на компоненти за кинески S-400 отплови од Уст-Луга на брегот на Балтичкото море.
Како и во случајот на Турција, испораката на системот започна неколку месеци порано, како што бешее предвидено со договорот, изјави извор од Министерството за одбрана упатено до одредбите на договорот.
За испорака на S-400 во Кина ќе бидат потребни најмалку 3 бродови кои ќе бидат упатени до Кина за време на краток временски период.
Руската федерална служба за воено техничка соработка одби да коментира наводите на ТАСС.
Кина е првиот странскиот купувач на рускиот систем PVO S-400. До купувањето дојде во 2014 година кога беше потпишан договорот за купување 2 пука С-400.
Првиот пук е испорачан во почетокот на 2018 година, а кинеската војска успешно извршила тестирање на овој систем на својот полигон успешно соборувајќи аеродинамички и балистички цели.
Според руската формација, полкот таа треба да биде составена од 6 до 8 дивизии, а два треба да формираат една бригада на оваа систем. Кога станува збор за дивизиите, еден руски дивизион составена од ракетна и радарска батерија која треба да има минимум 4 до 6 лансера и според некои извори може да се искористат до 12 лансери во една ракетна батерија и радарски батерии опремени со повеќе различни радари .
Извор: ТАСС











