Израелскиот министер во неделата изјави дека Израел е “единствената земја во светот која веќе две години убива Иранчани“.
Министерот за регионална соработка, Затци Ханегби, во разговорот за израелското радио изјави дека се интензивираат тензиите во односите меѓу Иран и САД.
Тоа беше одговорот на прашањето за “претпазлив став” на Вашингтон во врска со спорот меѓу американскиот близок сојузник на Велика Британија и Иран во однос на танкерите запленети од двете земји.
Новинарот го прашал Ханегби што ќе се случи доколку Израел и Иран се најдат во таква ситуација.
“Ние Иран во Сирија го нападнавме илјада пати, понекогаш тоа го признаваме самите, понекогаш тоа го објавуваат странски медиуми, некогаш командантите на армијата, понекогаш командант на воздухопловството, но тоа е координирана политика”, рече тој.
“И како што веќе гледате одговорот на Иран е многу воздржан, не затоа што немаат капацитети, туку затоа што знаат дека нема шега со Израел”, изјавил министерот.
Иранската телевизија Прес на тоа одговори со Твит: “Погледнете како Израелците отворено и гордо зборуваат за убиствата на Иранците!”
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху минатиот месец изјави: “Израел дејствувал стотици пати за да го спречи Иран да го зајакне своето воено присуство во Сирија, додека активно повикува и работи на уништување на Израел”.
Извор:(Vijesti.ba / Hina)











