Москва
Сергеј Чемезов, директор на руската државна корпорација Ростец, изјави дека Русија е подготвена на Турција да му го продаде борбениот авион Су-35, објави агенцијата Анадолу (АА).
Чемезов одржа прес-конференција за воено-техничката соработка меѓу Русија и Турција.
На Турција и предложи купување на руски борбени авиони.
“Ако нашите турски колеги изразат интерес, подготвени сме да зборуваме за испорака на Су-35”, истакнал Чемезов.
Су-35 е повеќенаменски борбен ловец на руската компанија Сухој.









