Либија: Генералот Хафтар нареди напади на турските бродови, авиони и објекти во земјата

0
258

Либискиот генерал Калифа Хафтар им нареди на своите сили да ги напаѓаат турските бродови и интереси во северноафриканската држава, изјавил портпаролот на либискиот генерал, обвинувајќи ја Анкара дека во либискиот конфликт ги поддржува противниците на Хафтар, идносно исламските милиции од Мисрата, Сирта и Триполи.

Ова тврдење е точно, бидејќи Турција и Катар од првиот ден ги поддржуваат сите исламски групи поврзани со Муслиманското братство, како и Ансар Ал Шариа или поранешна Либиска борбена група на Абделхаким Белхади, поранешен припадник на Ал Каеда кој ја оснивал и водел во борбата против Муамер Гадафи.

“На воздухопловните сили издадени им се наредби за напад да турските бродови во либиските територијални води“, изјавил генералот Ахмад Ал-Мисмари.

“Турските стратешки локации, компании и проекти кои му припаѓаат на Турската држава во Либија се сметаат за легитимни цели на вооружените сили“, додал генералот на Либиската народна Арамија, Ахмад Ак-Мисмари.

Тој исто така изјави дека секој авион кој доаѓа од Турција и обиде да слета во главниот град Триполи ќе биде третиран како непријателски. Истото вреди и за турските бродови кои ќе влезат во пристаништата на Либија.

Портпаролот на ЛНА изјавил дека силите на Хафтар без двоумеење ќе нападнат било која турска воена присутност во Либија.

Турција ја поддржува исламската либиска влада во Триполи. Милитантите кои го поддржуваат таканаречниот премиер Фајез Ал-Сарај Турција ги снабдува со беспилотни летала и воени возила додека силите на Хафтар добиле поддршка од Египет и Обединетите Арапски Емирати, тврдат дипломати.

Офанзивата на Хафтар на Триполи, наводно ги попречи плановите на Обединетите Народи за стабилизација на Либија“, иако поголем проблем е таканаречената “меѓународно призната влада во Триполи“, која се обиде да ги смири исламските припадници на тој начин што ќе ги интегрира во безбедносни сили на земјата, како што се покажа како невозможна мисија.

Меѓутоа, западните сили на офанзивата на Хафтар не гледаат од тој агол и само се грижат дека кампањата за Триполи ќе го наруши производството на нафта, создавајќи вакум кој ќе го искористат милитантите и дека сё поголем број на мигранти преку Медитеранот ќе трнат спрема Италија.

Либија е поприште на конфликти помеѓу ривалските групации после соборувањето на Муамер Гадафи во 2011 година. Неговото соборување отвори голем вакум на моќ што доведе до хаос и појава на бројни милитантни прупации, вклучувајќи ја терористичката група ИСИЛ.