Ердоган на состанокот со Путин го потврдил купувањето на системот С-400

0
146

 

Колку што му е него познато, истакнал Ердоган, нема никави застои во спроведувањето на договорот, односно договореното. Во сето тоа државниот врв на двете земји продолжува со надзорот околу реализацијата на оваа работа, складно со претходно договореното на самитот на Шангајската организација во Душанбе, изјавил турскиот лидер.

 

Рускиот лидер Путин на состанокот изјавил дека трговската размена помеѓу Русија и Турција минатата година е зголемена за 16%,  дека има сё поголем број на заеднички ивестиции, и дека бројот на руските туристи кои одморот го спроведуваат во Турција минатата година надминал рекордни 6 милиони, што на турската економија му донело 5 милијарди долари приход.