Секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев, истакна дека не е прифатливо да се вложуваат напори за да се покаже дека Иран претставува закана за безбедноста на регионот или да се споредува со меѓународните терористички групи, јавува Anadolu Agency (AA).
Патрушев, во рамки на трилатералниот самит за безбедност на САД-Русија-Израел, организиран во Западен Ерусалим, даде изјава за медиумите, во којашто излезе во одбрана на Иран, што беше сметано како „ладен туш“ за САД и Израел.
Патрушев, во неговата изјава по трилатералниот самит на којшто беше разговарано за состојбата во Сирија и за влијанието на Иран во регионот, упати апел до Соединетите Американски Држави (САД) и Израел за поттик за изнаоѓање политичко решение за кризата во Сирија.
Тој се осврна на пропагандата која САД и Израел ја водат во последниот период против Иран.
„Не е прифатливо да се вложуваат напори за да се покаже дека Иран претставува закана за безбедноста во регионот или да се споредува со меѓународните терористички групи“, додаде тој.
На трилатералниот самит беше разговарано за состојбата во Сирија и улогата на Иран во регионот.
Покрај Патрушев, на самитот со кој претседаваше израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, учествуваа советникот за национална безбедност на САД, Џон Болтон, и советникот за национална безбедност на Израел, Меир Бен-Шабат.









