Министерот за надворешни работи на Германија, Хеико Мас, изјави дека неговата земја има проблем кој се вика десничарски тероризам, пренесува Anadolu Agency (AA).

Мас напиша статија за германскиот весник „Билд“ (Bild), во која се осврна на проблемите од тероризмот во неговата земја, а накусо се осврна и на последното убиство, во кое беше убиен гувернерот на германската покраина Касел, Вoлтер Лубке.

Министерот Мас истакнува дека политичарите во Германија, покрај фактот што поминале 80 години од почетокот на Втората светска војна, повторно се жртви на десничарските терористи, поради нивните политички убедувања, поради нивната предаденост на татковината.

Во авторскиот текст укажа и на претходните напади кон големиот број градоначалници и началници во неговата земја, а кои овие денови повторно примаат закани со смрт.

Тој потсети на неколкуте брутални убиства кои ги извршиле припадниците на Националсоцијалистичкото подземје (NSU), а кои сѐ уште не се решени.

Ги наведе, исто така, и последните напади кон градоначалничката на Келн, Хенриете Рекер и кон градоначалникот на Алтена, кои овие денови повторно примаат закани со смрт, како и на, како што рече, грозната омраза кон гувернерот Волтер Лубке, кој е убиен на 2 јуни.

„Сето тоа укажува дека нашите очи се сѐ уште затворени. Германија има проблем од тероризмот. Имаме над 12.000 насилни ориентирани десничарски екстремисти во нашата земја – 450 од нив успеале да влезат во подземјето, иако се под потерници. Ако некој во сето тоа се сомнева, нека погледне во Крајстчрч, Утоја и Питсбург.“

Шефот на германската дипломатија предупредува дека занемарувањето на ваквите случаи може да има смртоносни последици, и дека мора да се нарече со вистинско име, а тоа е десничарски тероризам.

„Тероризмот е тероризам, нема тука што да се релативизира. Не постои никакво оправдување за терористичкото насилство, без оглед на тоа од каде доаѓа. Сите сме соочени со предизвикот и мора да се справиме со овој проблем.“