Русите предупредуваат: Ситуацијата помеѓу САД и Иран на работ на војна

0
115
Фото: Faktor.ba

Заменик министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков ги повика САД да ги разгледаат последиците од непромислени чекори кои ќе ги превземе спрема Иран, и порачал:

-Ситуацијата помеѓу двете земји моментално е урамнотежена на работ на војна, а тоа е исклучително опасно.

Рјабков во Сочи одговарал на прашањата на новинарите во врска тврдењата дека американскиот претседател Доналд Трамп вчера одобрил воздушен напад на Иран, ама за кратко се откажал од таа одлука.

Рјабков порачал дека САД работаат на зголемување на тензиите во Заливот.

-Регионот го вовлекуваат во празнина каде се присутни отворени конфликти. Колку и Пентагон да го тврди спротивното, мислам дека точно разбираат за што зборуваме – истакнал Рјабков, притоа додавајќи:

“Ги повикуваме САД да ги разгледаат последиците од непромислените чекори кои ќе ги преземе спрема Иран“.

NYT повикувајќи се на изјави на неименувани високопозиционирани функционери, утринава објави дека Трамп од одлуката за напад на Иран, се откажал во последен момент.