Лидерите на Европската унија (ЕУ) се заканија дека на Турција ќе и` воцедат санкции ако не прекине со “незаконските“ активности на експлоатацијата на гас во водите на така наречената Кипарска економска екслузивна зона.
Лидерите изразиле жалење што Турција не одговорила на повторените повици на ЕУ да прекине секаков вид на активности и се закани дека ќе воведе одговарачки мерки во случај тоа да продолжи.
Лидерите на седум земји на јужна Европа неодамна на самитот на Малта повторно ја предупредија Турција да прекине со “незаконските активности“ алудирајќи на намерата на Анкара која се однесува на експлоатацијата на гас.
Кипар сака да постане важен енергетски снабдувач во источниот дел на Средоземјето и да изгради копнен терминал за експлоатација и трансфер на гас спрема Европа и Азија до 2022 година.
Кипарските резерви на гас едно е од спорните прашања во преговорите за повторно обединување на островот. Турција која од 1974 година го држи северната третина на Кипар, се противи Републиката Кипар со која управуваат Грците да истражува и експлоатира Гас.
Извор:cdm
