Ердоган: Го осудуваме молчењето на Западот, на соборувањето, мачењето и умирањето на Мохаммед Морси

0
109

Го осудуваме молчењето на Западот и на сите оние кои немо посматраа на соборувањето по пат на пуч, мачењето во ќелија и умирањето на Мохаммед Морси, кој по пат на демократски избори дојде на власт, истакнал Ердоган во Истанбул.

Ердоган им се обратил на насобраните граѓани во Истанбулскиот кварт Султангази, на церемонијата на отварањето на новоизградената болница во тој дел на градот.

Осварнувајќи се на кратко на вчерашните вести за смртта на првиот демократски избран претседател на Египет,, Мохаммед Морси, Ердоган уште еднаш упатил зборови на сочувство.

  • Зажал, на ист ден кога беше уапсен, шест години подоцна во судница тргна по патот на шехидите. Сакам да ги пренесам и искажам своите пораки на солувство на египетскиот народ и целиот муслимански свет, изјавил Ероган, и додал:“ Го осудуваме молчењето на Западот и сите оние кои немо гледаа на соборување по пат на пуч, мачење во ќелија и умирање на Мохаммед Морси, кој по пат на демократски избори дојде на власт.

Ердоган зборувал и за повторувањето на изборите за градоначалник на Истанбул, кои ќе се оддржат во недела 23.јуни, и во таа прилика изнесе остри критики на сметка на кандидатот на Републиканската народна партија (ЦХП) Екрем Имамоглу, и истакнал дека “ нашиот Истанбул нема да му го препуштиме на лажговците“.

Извор:faktor.ba