Техеран до 27.јуни ќе го зголеми производството на ураниум над границата која беше одредена со договорот за нуклерна енергија, изјави денес портпаролот на националната агенција за атомска енергија Бехруз Камалванди.
Иран веќе го зголеми производството на ураниум на местото на нуклеарното истражување во Натанз во централната провинција Исфахан, им изјавил на новинарите Камалванди во нуклеарниот комплекс за тешка вода во Арак. “ Од денес започна одбројувањето, а до 27.јуни нашето производство на ураниум ќе надмине 300 кг“.
Намерата беше нуклеарната програма на нацијата да се стави наф границата од договорт од 2015 година познат под името JCPOA (Joint Comprehensive Plan of Action – Заеднички сеопфатен акциски план и мерки на огранилување). Според него иранската залиха на ураниум не би можела да надмине 300 кд до 2031 год.
Техеран минатиот месец соопшти дека делумно ги прекинал своите обврски во рамките на JCPOA, давајќи и на ЕУ 60 дена повторно да го потврди својот дел од договорот.
Зборувајќи денес пред новинарите, Камалванди ја критикувал ЕУ, изјавувајќи дека “ тие не сакаат нешто да направат, или едноставно не се способни за тоа“, ама нагласија дека “Европјаните сеуште имаат време“ да го сочуваат договорот.
JCPOA започна да се распаѓа минатата година кога САД еднострано се повлекоа од тој договор. Претседателот Доналд Трамп овој договор го нарече“неисправен во својата срж“ и го обвини Техеран дека тајно ги крши нејзините одредби.
Иранските службени лица тогаш го отфрлаа било какво кршење на договорот. Нивната позиција ја поддржувал нуклеарен надзорник на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА), кој во своите извештаи потврди дека Иран го спроведува својот дел од договорот.
Чекорот на Трам остро беше критикуван од страна на ЕУ, Русија и Кина, кои се потписници на договорот.
Извор: logicno








