(Дубаи – Портал) – Во 15:45 часот на Граничен премин „Табановце“ на излез од Република Македонија настанал пожар на автобус со српски национална ознака, сопственост на агенција од Нови Сад, а управуван од српскиот државјанин В.З. (47) од Нови Сад.
Веднаш по настанување на пожарот патниците неповредени го напуштиле автобусот.
Во 16,05 часот, од екипа од Територијалната противпожарна заштита Куманово пожарот бил целосно изгаснат.
Увид на лице место е извршен од екипа од СВР Куманово.
Mahir Demişoski










