(Дубаи – Портал) – Министертвото за одбрана на Албанија претпладнево го соопшти билансот на последиците од серијата земјотреси што го погодија округот на Корча, јави дописничката на МИА од Тирана.
„Евидентирани се 184 оштетени куќи, од нив 60 отсто ненаселени. Со полесни повреди се здобиле четири лица, кои по дадената здравствена услуга се пуштени дома. Поради големи оштетувања на нивните домови 230 лица, од нив 160 во Флоќ, 40 во Видово и 30 во
Ќафзе, се сместени во колективни шатори подигнати од Штабот за цивилна заштита и армијата. Жителите од настраданите подрачја се обезбедени со храна и вода за пиење,“ стои во соопштението на министерството.
Серијата земјотреси во овој југосточен дел на Албанија беа регистирани во текот на вчерашниот ден.Земјотресите беа почувствувани и во македонските градови: Охрид, Струга, Ресен и Дебар. Во текот на денот регистрирани се повеќе потреси со
послаб интензитет.
Mahir Demişoski
