Ирак: Смртна казна за двајца французи, членови на Исламска држава

by Administrator

(Дубаи – Портал) –  Судот во Ирак осуди на смрт двајца француски државјани откако ги прогласи за виновни за учество во милитантната организација “Исламска држава”, пренесува Ројтерс. Според новите казни, бројот на француски државјани осудени на смрт во последните две недели се искачи на девет. Оние кои се осудени се наоѓаат во група од 12 француски државјани, кои беа заробени од сириските демократски сили во соседна Сирија и потоа предадени на Ирак .

Франција соопшти дека ќе стори сé што е во нејзина моќ да ја спаси групата од погубување во Ирак.Организацијата Human Rights Watch ги обвини ирачките истражители дека “користат разни техники на тортура”.

Mahir Demişoski

You may also like