Поништени изборите во Истанбул, ново гласање на 23.јуни

0
129

Врховната изборна комисија на Турција (YSK) одлучи да ги поништи, и повторно да ги одржи локалните избори во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).

На седница на Врховната изборна комисија на Турција со мнозинство гласови (7:4) денес е прифатена жалбата на Партијата на правдата и развојот (АК Парти) која се однесуваше на одредени нерегуларности и незаконитости на изборите за градоначалник на Истанбул одржани на 31 март.

Според тоа, Врховната изборна комисија на Турција донесе одлука да ги поништи и повторно да се одржат локални избори во тој град.

Врховната изборна комисија на Турција донесе одлука повторените избори за градоначалник во Истанбул да се одржат во недела на 23 јуни.

На повторените изботи ќе можат да учествуваат политичките партии кои учествувале и на изборите одржани на 31 март.