Најмалку 55 лица загинале во експлозија на цистерна во близина на најважниот аеродром во западноафриканската држава Нигер.
Полициски представници соопштија дека цистерната се превртила во близина на бензиска пумпа, при што голем број на граѓани се насобрале како би собирале гориво кое истекло од цисерната.
За кратко уследила силна експлозија во која загинале најмалку 55 лица, а ранети се над десетина лица.
Претседателот на Нигер Иссоуфу Махмаду ги посетил повредените во болница и несреќата ја нарекол национална трагедија. Повеќето од повредените се животно загрозени, па лекарите стравуваат дека билансот на смртно настраданите би можел да се зголеми.
Жителите а сиромашната држава Нигер, неретко ги ризикуваат своите живото собирајќи гориво кое истекува од расипани танкери, што доведува до слични трагедии.











