Пожар во авион додека слетувал на аеродром во Русија: Загинаа 41 лице

0
108

Најмалку 41 патник загинаа во пожарот кој избувна во авионот додека слетувал на аеродромот во рускиот главен град Москва, јавува Anadolu Agency (AA).

 

Портпаролката на Истражниот комитет на Руската Федерација, Светлана Петренко, ги информираше медиумите во врска со состојбата на лицата кои се наоѓале во авионот во кој избувна пожар додека реализирал итно слетување на аеродромот „Шереметјево“, додека патувал на релација Москва – Мурманск.

„Во авионот се наоѓаа 78 лица, вклучувајќи го и екипажот“, рече таа, додавајќи дека според досегашните информации во рамки на истрагата, 37-мина од вкупниот број патници преживеале.

 

Патничкиот авион од типот SSJ-100, по извесно време откако полетал од аеродромот „Шереметјево“, бил принуден итно да се врати и слетал на истиот аеродром, но при слетувањето избувнал пожар во задниот дел на авионот.