Флорида: Авион завршил во река на крај од пистата, повредено 21 лице

0
111

Чартер авион со 143 патници и членови на излетал на Флорида од пистата во реката Св. Џонс во Џексонвил додека се обидувал да слета во воена база за време на силна бура при што повредени биле 21 лице.

Полицијата во Џексонвил на Твитер објави дека 21 лице е префрлено во болница и дека сите се во добра состојба.

Авионот Боинг 737-800 долетал од базата на морнарицата во заливот Гвантанамо, Куба, со 136 патници и седум члена на екипажот, а заврши во реката на крајот од пистата во Џексонвил во 21.40, соопшти портпаролот на авиокомпанијата.

“Авионот не потонал, сите во него се живи и на број”, изјавила полицијата на Џексонвил на Твитер, со две фотографии кои го покажуваат авионот на Мајами Ер Интернешнал во плитките води и цел.

Градоначалникот на Џексонвил, Лени Карри, напишал на Твитер дека бил повикан од американскиот претседател Доналд Трамп и му понудил помош.

Патничката Шерил Борман изјавила за Си-Ен-Ен дека авионот при полетувањето доцнел цели четири часа доцна и дека “многу тврдо слетал” проследен со гром и молња.

“Слетавме, авионот буквално удри во земјата и отскокна, беше јасно дека пилотот немаше контрола над авионот, па затоа повторно отскокна”, изјавила адвокатката, додавајќи дека искуството било страшно.

Борман изјавила дека завршиле во водата и не знаеле дали се во река или океан.

Борман опишала како излегоа од авионот преку крилјата и го почувствувала горивото коешто влегло во водата.

Според неа, повеќето патници биле врзани за амријата.

Мајами Ер Интернешнал е чартер компанија.