Ердоган: Европа живее во мир благодарение на Турција

0
129

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека европските земји својата денешна благосостојба му ја должат на Турција која е домачин и угости четири милиони бегалци.

Говорејќи на церемонијата во конвенцискиот центар во Истанбул, Ердоган истакна дека Турција не добила доволно поддршка во нејзините напори за воспоставување мир во Сирија.

Тој, исто така, истакна дека неговата земја нема да дозволи во Сирија да преостане било каква закана по Турција.

Тој додаде дека Турција ќе продолжи со борбата, се додека цела Сирија не биде под контрола, како што рече, на нејзините вистински сопственици, сирискиот народ.

Тој, исто така, нагласи дека секој економски и политички потег против независноста на Турција е осуден на неуспех.

Извор:(Vijesti.ba / AA)