Внукот на Мандела упати повик за единство до Палестинците

0
89

Мандла Мандела, внукот на Нелсон Мандела, првиот црномурест претседател на Јужна Африка, упатувајќи повик до Палестинците во борбата против израелскиот „апартхејд“, рече дека треба да ги следат патиштата на борбата што ги водеа Јужноафриканците и додаде: „На светот му кажуваме дека како што го урнавме режимот на апартхејдот во Јужна Африка, истото можеме да го сториме и против режимот на апартхејдот во Израел“, јавува Anadolu Agency (AA).

Мандла Мандела, внукот на Нелсон Мандела, лидерот на борбата против раководството на апартхејдот (расна дискриминација) во Јужна Африка, за АА изјави дека Јужноафриканците со години живееле под режимот на апартхејдот, но успеале да го победат само со единство.

„Со цел на едно место да се соберат сите угнетени народи од целата територијата на Јужна Африка, беше потребно да ги збиеме нашите редови. Станавме еден глас. Притисокот беше нашиот инструмент во ефикасноста на нашата стратегија“, рече внукот на Мандела.

– Активни амбасадори –

Мандла Мандела, истакнувајќи дека за време на режимот на апартхејдот, Јужноафриканците што живееле во прекуокеанските држави станале „активни амбасадори на ослободителната борба“, го рече следното: „Со цел светот да го информираат за насилството врз беспомошните луѓе на Јужна Африка, тие се мобилизираа и работеа многу напорно“.

Вкукот на Мандела рече дека таквите напори дале многу голем придонес во обезбедувањето глобална поддршка и солидаризација во започнувањето на кампањите за случајот на Јужна Африка.

Според внукот на Мандела, една од овие ефикасни кампањи е кампањата „Ослободете го Мандела“, која имаше за цел ослободување на сите политички затвореници.

Внукот на Мандела истакна дека со започнувањето на кампањите на светско ниво за поддршка на Јужна Африка, се отворил пат за организирање Движење против апартхејдот. „Во тоа време, тоа отвори пат за бојкотирање на сите производи и спортски активности кои потекнуваат од Јужна Африка“, рече Мандла Мандела.

Тој истакна дека истовремено со ова движење „лобирале кај влади за спроведување санкции врз Јужна Африка и сите тие иницијативи отвориле пат за падот на режимот на апартхејдот во Јужна Африка“.

– Модел за Палестинците –

Мандла Мандела верува дека борбата против раководството на белото малцинство во Јужна Африка може да е адекватен модел за Палестинците, кои со децении продолжуваат да даваат отпор на израелската окупација.

„Денес сме сведоци на грдото лице на режимот на апартхејдот во Израел. На светот му кажуваме дека како што го урнавме режимот на апартхејдот во Јужна Африка, истото можеме да го сториме и против режимот на апартхејдот во Израел“, рече внукот на Мандела.

Тој ги повика сите политички групи во Палестина рака за рака да се обединат против израелската окупација. „Повикуваме на единство меѓу Палестинците. Потребно е единство меѓу Палестинците. Потребно е меѓусебно да не се гледаат од партизански позиции и да се обединат“, процени Мандла Мандела.

Мандела ги повика Палестинците од дијаспората да играат поактивна улога во откривањето на извршениот прогон врз Палестинците и додаде: „Во прогонство живеат 6 милиони Палестинци, и сите тие можат да станат ефикасни амбасадори со цел да лобираат кај луѓето од целиот свет за поддршка на нивната цел“.

Од друга страна, Мандла Мандела упати повик до Палестинците да извлечат корист од одлуките на Обединетите нации, кои го осудуваат апартхејдот. „Апартхејдот е глобално казниво дело и наша задача е неговото грдо лице, особено на она во Израел, да го извлечеме на виделина, поставувајќи го пред каков било вид (меѓународен) суд“, рече Мандла Мандела, внукот на Нелсон Мандела, првиот црномурест претседател на Јужна Африка.