(Дубаи – Портал) – Опозициското Движење Самоопределување денеска ќе одржи протест против главниот обвинител на Косово Александер Љумези, со барање за негова оставка. Според партијата на Албин Курти, Љумези нема преземено ништо против криминалот и корумпираните власти. Оваа партија последниве недели организира и средби со граѓаните низ сите косовски градови, со цел мобилизација за протести за уривање на Владата на Рамуш Харадинај и смена на претседателот на државата, Хашим Тачи.
Mahir Demişoski








