Како што соопштија од Истанбулското обвинителство, ФЕТО и понатаму претставува најголема закана по уставниот поредок на Турција поради своите инфилтрирани членови во безбедносните структури, кои сè уште не се дешифрирани.

(Дубаи – Портал) – Во рамките на истрагата со која раководи Обвинителството во Истанбул против терористичката организација ФЕТО, издаден е налог за лишување од слобода на 210 активни припадници на Турските вооружени сили (ТСК), јавува Anadolu Agency (AA).

Според податоците од Обвинителството, се работи за членови на терористичката организација што ФЕТО ги инфилтрираше во Вооружените сили на Турција, кои дејствуваа во одвоени ќелии од по два или три члена, а кои директно се учесници или раководители на вооружениот обид за пуч од 15 јули 2016 година.

Како што соопштија од Истанбулското обвинителство, ФЕТО и понатаму претставува најголема закана по уставниот поредок на Турција поради своите инфилтрирани членови во безбедносните структури, кои сè уште не се дешифрирани.

Обвинителството од 2017 година истражи низа локации како маркети и слични места кои служеа за комуникација меѓу воените лица од ФЕТО со нивните надредени од цивилниот сектор, т.н. имами-старешини. Во рамките на овие истраги во претходниот период е побарано апсење на повеќе од 1.900 војници офицери.

Во последната операција се работи на апсење, меѓу останатите, на пет полковници, седум потполковници, 14 мајори и уште 184 воени лица.

Терористичката организација ФЕТО стои зад неуспешниот обид за пуч во Турција на 15 јули 2016 година.

Станува збор за терористичка организација која ја предводи Фетула Ѓулен, кој живее во САД, а чие испорачување Турција официјално го бараше од САД.

Членовите на таа организација, со години, преку местење на испитите напредуваа во службата, инфилтрирајќи се во институциите на државата. Потоа, најпрво во декември 2013 година, членовите на ФЕТО во правосудството низ наместен процес за наводна корупција направија обид за процесуирање на голем број високи службеници.

Неколку години подоцна следуваше и крвав обид на терористите на ФЕТО, кога на 15 јули 2016 година офицерите во турската Војска, лојални на таа терористичка организација, се обидоа да извршат пуч.

Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја каде што е активна, а на тоа во повеќе наврати укажаа и турските официјални претставници. За време на обидот за пуч во Турција загинаа 251 лице, а ранети се околу 2.200 лица.

Mahir Demişoski