Со најновиот проект, по нарачката на здравствените работници со кратка СМС-порака, со беспилотните летала кои се движат 110 км на час, во сите региони.

(Дубаи – Портал) – Со помош на најголемата дистрибутивна мрежа во светот на беспилотни летала, во 2 илјади клиники што се наоѓаат во тешко достапните области во Гана ќе се дистрибуираат вакцини, лекови и крв, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според британскиот „Фајненшел тајмс“, компанијата „Зиплин“, која ја има најголемата дистрибутивна мрежа со беспилотни летала, со помош на дронови во 2 илјади клиники, што се наоѓаат во тешко достапните области на Гана, ќе испорача преку 150 различни лекови, во рок од половина час.

Покрај лекови и вакцини, компанијата ќе пренесува и крв. Истата компанија во 2016 година во Руанда започна да транспортира крв со претходно програмирани беспилотни летала.

Со најновиот проект на компанијата, по нарачката на здравствените работници со кратка СМС-порака, со помош на беспилотните летала кои се движат 110 км на час, во сите региони на Гана и Руанда нарачките ќе можат да стигнат во рок од 30 минути.

Проектот има за цел на брз начин да се обезбедат медицинските потреби во Гана и Руанда. Медицинската опрема се обезбедува од страна на Светската здравствена организација. Проектот, исто така, е поддржан од меѓународни хуманитарни организации.

Mahir Demişoski