САД ја разбираат загриженоста на Турција [за ЈПГ/ ПКК], со кои заедно се боревме против ДЕАШ. Со Турција работиме за безбедносна зона каде што ќе нема ЈПГ“, нагласи Џефри.
(Дубаи – Портал) – Специјалниот претставник на Соединетите Американски Држави (САД) за Сирија, Џејмс Џефри, истакна: „Со Турција работиме за една безбедносна зона, за која сѐ уште немаме договор. Турција е многу загрижена за својата безбедност. САД ја разбираат загриженоста на Турција [за ЈПГ/ ПКК], со кои заедно се боревме против ДЕАШ. Со Турција работиме за безбедносна зона каде што ќе нема ЈПГ“, јавува Anadolu Agency (AA).
„Турција и САД, и во минатото, а и во моментов, имаат многу важно геостратегиско партнерство“, рече Џефри.
Тој, истакнувајќи дека кризата во Сирија е многу компликувана, укажа на важноста на Турција во однос на тоа САД да стигнат до својата мисија во Сирија.
„Сирија не треба да биде прибежиште за терористи“
Џефри, истакнувајќи дека треба да се направат многу работи за политичкиот процес во Сирија, нагласи: „Режимот на Асад мора да се откаже од хемиското и нуклеарното оружје. Сирија не треба да биде прибежиште за терористи, а Иранците што се тука, треба да се вратат во своите домови.“
Истакнувајќи дека се води борба против ДЕАШ, Џефри рече дека треба да се заштитат областите што се исчистени од ДЕАШ. Тој, исто така, ја потенцираше важноста на работата на коалицијата во Турција и северниот дел на Сирија во борбата против ДАЕШ.
– „Во безбедносната зона нема да има ЈПГ“
Џефри, истакнувајќи дека со Турција работат на различни прашања во однос на Сирија, рече: „Турција, Иран, Русија и еден член од групата на Астана, се гласот на сириската опозиција кои го сочинуваат речиси половина од населението. Оваа состојба е многу значајна во однос на целите на Обединетите нации за политичкиот процес во земјата.“
„Со Турција работиме за една безбедносна зона, за која сѐ уште немаме договор. Турција е многу загрижена за својата безбедност. САД ја разбираат загриженоста на Турција [за ЈПГ/ ПКК], со кои заедно се боревме против ДЕАШ. Со Турција работиме за безбедносна зона каде што ќе нема ЈПГ“, нагласи Џефри.
Тој, исто така, истакнувајќи дека ДЕАШ во Сирија е поразена и дека кризата во Идлиб засега е решена, истакна: „Преку Обединетите нации го оживуваме политичкиот процес во Сирија.“
Mahir Demişoski








