(Дубаи – Портал) – Министерот за земјоделство и шумарство, Бекир Пакдемирли, својата хуманост и човечност ја покажа на многу посебен начин, така што на 70-годишната Сабиха Озел, и подари откако таа ја изгуби својата крава која падна од висока провалија. Министерот исто така во разговор со Сабиха, и напоменал дека тука е за се што и треба.
Сабиха Озел живее во, населба Алтиндере, општина Меркезефенди. Таа живее сама, а кравата која ја викала Фатма, и била се што имала за која била многу врзана. Во минатиот четврток, додека кравата пасела трева, паднала од висока провалија и на самото место починала. Сабиха не можејќи да зборува за тажниот настан, преку нејзините солзи ја покажа нејзината болка за загубената крава.
Оваа трагична вест бргу стигна до Министерот за земјоделство и шумарство, Бекир Пакдемирли кој истиот момент побарал од месната заедница во таа област, Јилмаз Еркај и му наредил одма да и однесат една крава и теле на госпоѓата Сабиха. Сабиха изјави дека била многу тажна кога ја видела својата крава во состојбата после падот од високата провалија, но после ваквиот гест на министерот Бекир е премногу среќна бидејќи добила нова крава. Во текот на моментот кога кравата и телето и беа доставени на Сабиха, министерот Бекир преку видео повик и рекол дека на интернет прочитал за нејзината тага за загубената крава и одма ги повика надлежните од таа област да и однесат, крава и теле, и дека државата е тука за се друго што да и затреба и дека Турција постои поради луѓето како нејзе, изразувајќи голема благодарност.

Директор на месната заедница од тоа место, Јилмаз Еркај, изјави дека на госпоѓата Сабиха и стојат на располагање за секаков вид на помош околу издржувањето на кравата и телето, со помош од храна и други потреби.
Mahir Demişoski










