За средбата Ердоган -Путин, изгледа С-400 пристигнува во Турција, а после него и друго руско оружје

0
128

Пред вчерашната средба во Москва со рускиот колега Владимир Путин, турскиот претседател

Реџеп Тајип Ердоган изјавил дека Анкара ќе продолжи да ја зајакнува соработката со Москва,пишува Јени Шафак.

Тој исто така, ја коментирал и изјавата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека во случај на победа на предстојните парламентарни избори, ќе ги анектира израелските населби на Западниот брег.

Ердоган нагласил дека таа територија му припаѓа на Палестинците и дека Анкара ќе застане на страната на Палестина.

Како потврдува турскиот провладин весник, турскиот лидер и неговиот руски колега Владимир Путин во понеделникот ја отворија годината на културата и туризмот на Русија и Турција.

Ова беше трета средба на двата лидери од почетокот на годината. Ердоган и Путин учествуваа и на осмиот состанок на двата лидери од почетокот на годината на Руско-Турскиот совет за соработка на високо ниво. Овие состаноци се оддржуваат секоја година од 2010.

Западните медиуми пишуваат дека средбата на претседателите на Русија и Турција во Москва искористен е за разговарање околу испораката на риските системи С-400 на Анкара, што ќе представува уште еден чекор кон приближување на двете земји. Според зборовите на стручњаците, договорот за продажба на ракетните фрлачи представува дел од поширокиот договор помеѓу Турција и Русија, посебно во делот со Сирија, како и користа која Анкара може да ја добие од ова соработка за аналитичарите на весникот Les Echos, вредни се на ризик заради лошите односи со Вашингтон.

Les Echosu пишува дека претседателот Ердоган вчера заминал повторно за Москва, “на среде караницата со Вашингтон“. Централната тема на овој состанок било и прашањето кое ја засенило прославата од 70,годишнината на НАТО. Станува збор за одлуката на Анкара да го купи најновиот руски против-воздушен ракетен систем С-400, што во очите на Вашингтон изгледа како турска провокација.

“Во очекување на недвосмислената одлука на Турција да се откаже од испораката на С-400,суспендирани се сите активности поврзани за изградбата на оперативниот потенцијал на Турција во врска проектот Ф-35“, изјави минатата недела Пентагон.

Турското министерство за надворешни работи, пак соопшти дека договорот за испорака на системот С-400 не подлегнува на ревизија.

Во меѓувреме Кремљ тивко ужива во она што се случува, бидејќи повторно “успеа да посее раздор во западниот логор“, пишува весникот. Според главниот уредник на весникот, статусот на Русија во глобалните работи представува успех на Владимир Путин.

САД вршат огромен притисок на Анкара. Путин е задоволен со учинокот на прдлогот кој го понуди без притисок и го сфати превземањето на ризикот во случајот со С-400 -Триумф.

FOTO: S-400

Во пресрет на завчерашната средба потврдено е дека претседателите на Русија и Турција дека разговарале за деталите околу испораката на ракетните ситеми С-400, предвидени за лето оваа година. И покрај сите сомнежи на некои стручњаци во вистинската учинковитост на руските системи дека можат да уништат било која цел во домет од 400 км, за Турција ова работа представува цел од државен интерес.

“Вос тварност, ова зделка веројатно представува дел од поголем договор помеѓу Путин и Ердоган.
Конкретно, што се однесува на Сирија“, тврди Андреј Кортунов, генерален директор на рускиот совет за меѓународни активности.

Како потсетува весникот, позицијата на Русија и Турција околу судбината на северниот дел на Сирија последен регион кој не е под контрола на Дамаск, се разликува. Односнои Анкара и понатаму остане традиционален покровител на “бунтовниците“, додека пак Русија е главен сојузник на Башар Ал Асад.

Ердоган ќе настојува да го увери на Путин повторно да ја одложи големата офанзива на сириската војска со поддршка на руското воздухопловство. Доколку дојде до таков заклучок со Москва, може да се смета дека ризикот од конфликт со Вашингтон е оправдан. Тогаш купувањето на С-400 може да се спроведе при крај, предвидува Кортунов.

Според пишувањето на весникот, самитот на Путин и Ердоган во Москва уште повеќе ќе го зајакне зближувањето на двајцата претседатели, од кој секој е во сопствен конфликт со Западот.

Односите помеѓу Русија и Турција денест представуваат сложена игра на интереси, која нема никаква врска со напнатоста која владеела помеѓу двете земји во 2015 година, откако Анкара го собори рускиот воен авион над небото на Сирија, пишува Les Echos.

Сојузот Москва и Анкара ги зајакнува и економските страни. Доказ за тоа е и растот на трговските односи, изградбата на првата нуклеарна централа Аккују во Турција од руска страна, како и големиот проект изградбата на гасоводот Турски тек, способен за испорака на преку 30 милијарди кубни метри руски гас на потрошувачите долж Црното море заобиколувајќи ја Украина. Како забележува Les Echos,“спроведувањето на овој најважен геополитички проект на Кремљ бил можен благодарени на турскиот сојузник“.

Лидерот на политичкото водство на рускиот Центар за проучување на модерна Турција, Јуриј Мавашев изјавил дека “Турција околу ситемот С-400 завзела принципиелен став и таа ќе се држи до него до крај“.

Турција има јасен став околу системите С-400,ама Американците отворено им се закануваат и се обидуваат да ги понижат, изјавувајќи дека Турците ќе го направат она што Вашингтон ќе им го каже. Меѓутоа, Турција е подготвена на САД да и покаже каде им е местото, изјавил политичкиот аналитичар.

Јуриј Мвашев споменал дека општо, без оглед на тоа колку политичката ситуација би се менувала во самата Турција и тоа што Ердоган заминува во Моска после тешкиот период за својата партија после локалните избори,векторот на позитивниот развој на односи со Русијасигурно ќе продолжи.

Erdogan – NATO – Turska
Турското општество е посветено на независноста на Турција во изградбата на пријателски односи со сите свои соседи, а Русија се разбира е сосед на Турција. Тоа е мислење на гласачите кое не може да се отфрли“, заклучил политикологот.

Во краткото обраќање на новинарите рускиот претседател во друштво со својот турски колега вчера изјави дека Русија и Турција блиско соработуваат во мешународните односи и на глобални прашања.

Путин на почетокот на средбата со Ердоган во Москва потсетил дека обемот на трговската размена на овизе земји достигнал 35 милијарди долари.

Претседатеот Ердоган укажа на значењето на соработката помеѓу овие две земји со цел постигнување на политичко решение за Сирија.

“Заедничките чекори на Турција и Русија во Сирија исклучително се значајни“, изјавил Ердоган.

“В нашите односи со С-400 има посебно место. Испораката на системот С-400 ќе започне во јули“, изјавил Ердоган мината недела.

Путин во текот на средбата го споменал развивањето на одбрамбената индустрија и му рекол на колегата Ердоган дека Русија е подготвена да ги продлабочи своите врски после довршувањето на продажбата на системот за против-воздушна одбрана, со што му се спротивставуваат на САД,пренсува Блумберг.

Двете земји се соочуваат со сериозни задачи за зајакнување на воено-техничката соработка и пред се, заборуваме за завршување на договорот за снабдување на Турција со против-воздушните ракетни системи С-400, изјавил Путин во разговорите со Ердоган во Кремљ.

Исто така се разговарало и за “ другите ветувачки проекти“ за продажба на руска воена опрема на Турцуја, заклучил Путин во изјавата во делот во кој зборувал за воено-техничката соработка со Турција.

Што се однесува на Сирија, Путин предложил оживување на соговорот за безбедност помеѓу Турција и Сирија од 1998 година потпишан во Адана, а кој би ги тргнал стравовите на Анкара од активностите на курдските милиции од сириска територија, со што турскиот лидер повторно се подтикнува на повторно воспоставување на врските со Асад, на што Анкара не се противеела.

Договорот од Адан ја обврзува Сирија на своето подрачје да ги спречи активностите кои ја загрозуваат безбедноста на Турција и и` дозволува на турската војска, доколку Дамаск не успее да ги смири курдските борци, во самоодбрана да премина до 5км на територија на Сирија. Двата лидери не изјавиле ништо за идниот развој на ситуацијата во Идлиб.