И покрај предупредувањата до Техран дека во тој случај американската војска ќе ја прогласи за терористичка организација, што може да има сериозни последици во соседен Ирак и поширокиот регион, каде иранските и американските војски се гледаат преку нишан, американскиот пртседател Трамп, сепак изјави дека Иранската револуционарна гарда ќе ја прогласи за терористичка организација.
Веста е објавена на интернет страната на Белата куќа, а подоцна во текот на денот, ја потврди и државниот секретар Мајк Помпео.
“Денес и официјално ја најавувам намерата на мојата администрација Иранската револуционерна гарда и нејзините Кудс сили да ги ставам на листата на странски терористички организации“, изјавил Трамп.
Во соопштението се наведува дека се очекува овој чекор значително да го зголеми опсегот и размерот на американскиот притисок врз Иран.
Претходно The Wall Street Journalизвести дека американската администрација се подготвува ИРГЦ да ја стави на листата на странски терористички организации, што ќе представува прв пат регуларна воена сила призната членка на ОН да биде прогласена за терористичка.
Иранскиот министер за надворешни работи Мохаммед Џвад Зариф во писмо до иранскиот Врховен совет за национална безбедност и претседателот Рохани, предложил американските воени трупи на Блискиот исток, познати како ЦентКом, реципрочно да се стават на листата на терористички организации, пренесува иранското министерство за надворешни работи.
Овој чекор може да има сериозни последици, бидејќи ја имплементира неопходноста од “сузбивање на терористичките групи“ од двете страни. Како што рековме, Кудс силите на Иранската револуционерна распоредени се во Ирак, официјално како воени советници на регуларните шиитски милиции кои под името Хашд Ал-Шааби сили активни се под команда на ирачкиот премиер.
Во Сирија иранските советници присутни се на сите боишта на кои граничат со американските трупи од составот ЦентКом.
Одлуката на американскиот претседател представува чекор без прседан во новата историја и може да има огромни последици.











