Саудиска арабија се закани дека ќе престане да ја продава нафтата за долари и црното злато ќе го дава за други валути. Ова Ријад ќе го направи доколку САД го усвојат законот со кој ќе се казнуваат земјите членки на ОПЕК за скапата нафта.
Зборуваме за измена на антимонополскиот Закон Шерман усвоен во 1890 година, кој вклучува борба протиб било каков економски договор и соспоставување на монопол. Во новиот закон американските законодавци предлагаат на пописот да се додадат и компании и цели држави, со што би се санкционирал ОПЕК.
Ројтерс пишува дека заканите на Ријад ги потврдиле три различни извори кои водат енергетска политика на Саудиска Арабија. Изјавиле дека во последните месеци за одбивањето на доларот во трговијата со нафта разговарале високи саудиски функционери задолжени за енергетскиот сектор. Ријад исто така оддржал преговори и со други членки на групата ОПЕК и американското Министерство за енергетика.
Ројтерс забележува дека шансите да новиот американски закон против монополот да се примени на ОПЕК се минимални и дека Ријад веројатно нема да превземе таков чекор и да се расправа за иритацијата на саудиските владетели и шеици, што значи дека САД би можеле да се одлучат за санкционирање на ОПЕК.
“Саудијците знаат дека откажувањето од доларот е нивно “нуклеарно оружје“, изјавил еден извор.
Други веруваат дека усвојувањето на законот би вил почеток на колапсот на американската економија. Функционери на САД и Саудиска Арабија одбиле да ја коментираат ситуацијата.
Ројтеср истакнува дека заканите на Саудиска Арабија подудираат со желбите на земјите произведувачи како што се Русија, Иран и Венецуела како и големите потрошувачи како што се ЕУ и Кина, кои сакаат да ја диверсифицираат светската трговија и намалат американското влијание.
Денес Саудиска Арабија контролира десетина од светското производство на нафта. Црното злато за возврат дава 2 до 3% од светското БДП. Околу 60% од нафтените трансакции се плаќаат водолари. Во овој случај, берзите со нафтени финансиски договори тргуваат воглавном со долари.
Од друга страна, Ројтерс истакнува дела Саудијците имаат речиси 1000 милијарди вложувања во Америка и држат 160 милијарди американски долг. Освен тоа, од 1986 година валутата на Саудиска Арабија врзана е доларот.
Како што истакнува познат аналитичар од фондацијата за национална енергетска безбедност (НЕСБ), Игор Јушков, САД од најголем увозник, стануваат најголем извозник на нафта и создаваат силна алатка на влијание, кој ионака веќе емногу висок.
“Од тука не изненадува што другите земји произведувачи бараат начини за да се заштитат од американското влијание“, истакнал Јушков.










