Упорноста на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган поврзана со купувањето на рускиот ПРО и ПЗО систем С-400 може да доведе до турско исклучување од НАТО сојузот.
Оав вест ја објави американскиот медиум The Washington Examiner, повикувајќу се на изјава на потпретседателот на САД, Мајк Пенс на конференцијата „NATO Engages“, оддржана во рамките на самитот на НАТО сојузот во Вашингтон.
“Турција мора да избере: дали таа ќе остане критично важен партнер на најуспешниот воен сокуз во историјата, или таа ќе посака тоа партнерство да го изложи на безбедносен ризик, поткопувајќи го тој сојуз“, изјавил Мајк Пенс. Уште еднаш нагласил дека САД на Турција нема да и испорачува авиони од 5.-та генерација Ф-35. Тој исто така истакнал дека Белата куќа во целост ја поддржува усвоената одлука на Пентагон за стопирање на испораката на Турција која се однесува на опрема за авионите Ф-35.
Потсетуваме: Турција има намера да купи до сто авиони Ф-35, во програмата во чија разработка и производство таа активно учествува ( заедно со уште неколку други членки на НАТО) уште од почетокот на 2000 година. Токму од таа заедничка програма Турција може да биде исклучена во случај на купување на рускиот систем С-400, додал Мајк Пенс во својот споменат говор.
Овие зборови на американскиот пртседател, зад кои, освен Пентагон стојат Конгресот и Стејт Департментот, дополнително долеваат “малсо на огнот“ во американско – турски односи.
Мѓутоа, треба да се каже дека овие и слични зборови од страна на највисоките американски државјани функционери целосно се неефикасни. Имено, турскио претседател Ердоган за кратко веднаш после упатените закани од Макј Пенс, веднаш уште на 5.април изјави дека американските изјави се погрешни, и дека Турција продолќува да врши исплата за набавките на руските системи и дека “темата на договорот со Русија е затворена“.
Тој уште еднаш потсетил дека Анкара , едновреме барала од САД испорака на американскиот систем “Патрио“, ама Американците тоа го одбија. После тоа, Турција во 2016 година и се обратила на Русија за набавка на С-400, а американските “Патриоти“ нејзе повеќе не и се потребни, истакнал во петокот Ердоган.
Вчера, главниот секретар на турската владејачка партија “ Партија на правдата и развојот“ Омер Челик, веројатно и иронично заради наведените и све силните американски притисоци, изјави дека набавката на руските системи не ја заштитува само Турција, туку и државите на ЕУ и НАТО.
Притоа го обвини НАТО сојузот за двојни стандарди, истакнувајќи дека Грција без проблеми можела да ги купу туските С-300. Турција е суверена држава и нема да трои ниту од било кого, особено од надвор да и наметнува свое мислење за руските системи ПЗО, истакнал Челик. Турскиот политичар потврдил дека С-400 во Турција пристигнува во јули ова година.
Потсетуваме дека Москва и Анкара во 2016 година започнаа преговори за купување на С-400, и дека Москва во 2017 известила за потпишаниот договор мешу двете страни.
Турскиот лидер Ердоган изјави дека Анкара веќе улатила аванс. Потпишаниот договор вреден е 2,5 милијарди долари. На тој начин Турција после Кина и Индија ќе стане трета земја чија војска ќе ги поседува руските системи С-400.










