Претседателот на Србија Александар Вучиќ вечерва му честита на претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган на победата на неговата партија во мнозинството на турски градови на локалните избори, соопшти кабинетот на Српскиот претседател.
Вучиќ во телефонски разговор изјавил дека се радува на продолжувањето на соработката со Ердоган, бидејќи Србија му придава големо значење на “ вистинското пријателство со Турција“ и посветена е во цврсти билатерални односи, стои во соопштението.
Како се наведува, Вучиќ истакнал дека Србија останува доверлив партнер на Турција преку кој двете земји со меѓусебно разбирање и почитување понатаму би ги развивале политичките односи и ширеле економска и секаква друга соработка.
Претседателот на Србија истакнал и дека се радува на скорешната посета на Ердоган, кога заедно ќе ја одбележат 140 годишнина од воспоставувањето на дипломатските односи на Србија и Турција и разговараат за конкретни проекти, се додава во соопштението.
Според прелиминарните резултати, Партијата на правдата и развојот на Ердоган освоила блиску 45% од гласовите на локалните избори во Турција, ама ја изгуби власта во главниот град Анкара после 25 години.











