Бинали Јилдирим прогласи победа во Истанбул

by Administrator

Кандидатот на Владејачката Партија на правдата и развојот (АК Парти) Бинали Јилдирим прогласи победа во изборната трка за градоначалник на Истанбул.

https://www.facebook.com/akpartiCanli/videos/2215890948652056/

“Победивме во Истанбул, според неофицијалните резултати кои ги имаме“ изјавил Јилдирим во седиштето на АК партијата во Истанбул.

Поранешниот премиер и претседател на парламентот Јилдирим им се заблагодарил на избирачите во Истанбул што му ја доверија новата должност.

Во Турција денес се оддржаа локални избори, а највозбудлива изборна трка се одвива во Истанбул во која, според прелиминарните резултати, Јилдирим после 98% од пребројаните гласови води со само 0,1% во однос на против кандидатот Екрем Имамоглу од Републиканската народна партија (ЦХП).

You may also like