“Сите можности се отворени да ја принудат Москва да ја напушти Венецуела”, го коментираше доаѓањето на руската армија во Каракас, како дел од руско-венецуелскиот договор за соработка, американскиот претседател Доналд Трамп.
“Русија мора да ја напушти Венецуела”, изјавил во средата Доналд Трамп, поздравувајќи ја сопругата на лидерот на Венецуелската опизиција, Хуан Гуаидо, Фабијана Росалес и делегација на претставници на опозицијата од Венецуела во Вашингтон.
“Русија мора да си замине […]. Сите можности се отворени “, изјавил американскиот претседател.
Медиумите на 24 март објавија дека 99 припадници на руски трупи пристигнале во Каракас со два авиони со 35 тона товар. Дипломатски извори посочија дека во посетата нема ништо тајно, бидејќи помеѓу Русија и Венецуела претходно биле потпишани неколку договори.
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес во понеделникот едногласно го усвои Законот за борба против влијанието на Русија во Венецуела. За да влезе во сила, текстот мора да биде усвоен од Сенатот и потпишан од претседателот Трамп.
По влегувањето во сила, американскиот државен секретар мора да претстави “стратегија за борба против руско-венецијанската соработка”.
Политичката криза во Венецуела избувна кога опозицискиот политичар Хуан Гуаидо се самопрогласи за “актуелниот претседател на земјата”. Доналд Трамп го препозна како “вршител на должноста претседател”.











