“Туркиш ерлајнс” со флота од преку 300 авиони, не е на продажба
(Дубаи – Портал) – Турскиот национален превозник има за цел да ја прошири услугата, а деновиве официјалните претставници ги отфрлија шпекулациите дека размислуваат да продаваат дел акциите на странски инвеститори.
Од компанијата ги негирааат гласините дека нејзините акции ќе се продадат на странски инвеститори.
“Новинските извештаи за продажбата на” Туркиш ерлајнс ” кои што се појавуваат од време на време немаат никаква основа во реалноста”, рече Јахја Устун, највисокот официјален претставник на службата за односи со медиумите.
Од минатата недела, почнаа да се појавуваат погрешни информации на интернет, во кои што стои дека, турскиот национален авиопревозник му продал малцински удел на Катар Ервејс, со договор вреден повеќе милијарди долари, пренесува весникот Дневен Сабах.
“Сакаме со почит да ја информираме јавноста, дека ги задржуваме нашите законски права за овие неосновани шпекулации”, рече Устун на Твитер, покажувајќи дека компанијата можеби ќе преземе мерки против оние што шират лажни информации.
Туркиш ерлајнс редовно се појавува меѓу најдобрите меѓународни авиопревозници во рејтинг листите на најдобрите авиокомпании.
Билал Екси, извршниот директор, вели дека “Туркиш ерлајнс” заедно поврзува повеќе дестинации, од која било друга авиокомпанија во светот – вклучувајќи ги местата и каде што, Турција нема амбасада.
“Летаме во 34 земји во Африка”, рече Екси во средата, во говорот на универзитет во регионот на Црното Море во Турција.
Авиокомпанијата, исто така, се преселила во лов на пазарите што долго време ги игнорирале неговите конкуренти. На пример, “Туркиш ерлајнс” е единствената голема меѓународна авиокомпанија која има лет за Сомалија.
Екси вели дека неговата компанија моментално има флота од преку 330 авиони, вклучувајќи патнички и товарни авиони, тоа е бројка која е зголемена за 5 пати повеќе од 2003-тата година со флота од 65 авиони.
Во 2018 година, “Туркиш ерлајнс” превезуваше 75,2 милиони патници, а оваа година има за цел да достигне 80 милиони патници на домашните и меѓународните линии.
Mahir Demişoski











