Tурската полиција уапси дилер на дрога, кој се обидел да шверцува хероин во стомакот

0
117

Tурската полиција уапси дилер на дрога, кој се обидол да шверцува хероин во стомакот

(Дубаи – Портал) – Безбедносните сили на Турција во јужната провинција Мерсин ,во средата уапси маж кој се обидел илегално да шверцува дрога во земјата, носејќи ја во неговиот стомак.

Полицијата со помош на скенирање открила дека шверцерот проголтал вкупно 192 грама (6,8 унци) хероин во мали пакувања.

Дрогата пронајдена во телото била отстранета по хируршки пат и осомничениот по добивањето на потребното лекување во болницата, бил уапсен од страна на судот.

Во 2014 година, турската влада го започна “Планот за брза реакција против дрогата” со цел да се спречи пренесувае – шверцување. Од тогаш Турција се бори на повеќе фронтови за борба против наркотици. Една од целите е, преку подобра рехабилитација и кампањи за подигнување на свеста, да се спречат зависниците . Турција исто така е насочена кон шверцерите и дилерите на мало, спроведувајќи повеќе операции извршени од страна на новоформираните “нарко тимови”, кои особено се фокусираат на операции околу училишта и други места каде има млади загрозени луѓе, како и места кои се мета на дилерите на дрога.

Mahir Demişoski