Во стомакот на мртов кит пронајдени 40 килограми пластика

0
133

Во стомакот на китот покрај „големиот број најлонски кеси за купување“, биле пронајдени и 16 вреќи за ориз

(Дубаи – Портал) – Четириесет килограми пластични кеси беа најдени во стомакот на мртов кит пронајден на брегот на Филипините, пренесува Anadolu Agency (AA).

Како што јави „Би-би-си“ (BBC), во стомакот на мртвиот кит пронајден во источниот дел на градот Давао, од вработените во музејот „D’Bone Collector“ извадени се 40 килограми пластични кеси.

Музејот, преку својата официјална фејсбук-страница, објави дека стомакот на животното „е полн со пластика што не може да се види во ниту еден друг кит“.

Во соопштението се истакнува дека во стомакот на китот покрај „големиот број најлонски кеси за купување“, биле пронајдени и 16 вреќи за ориз.

Исто така се наведува дека музејот во следните денови ќе ја објави листата на сите предмети што се пронајдени во стомакот на мртвиот кит.

Според весникот „Гардијан“, морските биолози истакнале дека китот починал поради „гастричен шок“.

Во Сулавеси, Индонезија, на крајот на минатата година, од стомакот на мртов кит пронајден на плажата било извадено околу 6 килограми ѓубре.

Експертите изјавија дека од стомакот на китот биле извадени 115 пластични чаши, 4 шишиња, 25 кеси, 2 пара влечки и различен вид коноп и вреќи со вкупна тежина од 6 килограми.

Во февруари во северната периферија на Малезија бил пронајден кит ајкула, кој починал поради дигестивни потешкотии од голтањето на пластичните кеси.

Властите изјавија дека во стомакот на ајкулата се пронајдени пластични кеси што се користат во продавниците, и дека ајкулата починала од глад како резултат на дигестивните проблеми и затнување на цревата.

Mahir Demişoski