Бројот на загинатите во терористичкиот напад во Нов Зеланд зголемен е на 50

0
117

Бројот на загинатите во терористичкиот напад на две џамии во текот на петочната молитва во новозеландскиот град Крајстчерч, зголемен е на 50, потврди шефот на полицијата во таа земја Мајк Буш.

(Дубаи – Портал) – Бројот на загинатите во терористичкиот напад на две џамии во текот на петочната молитва во новозеландскиот град Крајстчерч, зголемен е на 50, потврди шефот на полицијата во таа земја Мајк Буш, јавува Anadolu Agency (AA).

Буш оваа информација ја објави на прес-конференција, на која истакна дека со семејствата на жртвите од терористичкиот напад се споделени информации за идентитетите на загинатите.

Идентитетите на загинатите не се споделени со јавноста.

Новозеландската полиција потврди претходно дека во два вооружени терористички напади врз џамиите во петок во Крајстчерч се убиени 49 лица, а 42 повредени.

Полицијата набргу по нападот објави дека се уапсени четири лица, а дека едно од нив е идентификувано како 28 годишен државјанин на Австралија.

Mahir Demişoski