Започнаа патролите на Турција и Русија во сирискиот град Идлиб”

0
161

(Дубаи-Портал) Турските вооружени сили започнаа со активностите на патролирање во подрачјето на зоната за намалување на тензиите во Идлиб,што е во согласност со договорот постигнат на Самитот во Сочи, јавува Anadolu Agency (AA).

„Турција и Русија почнуваат патролирање во сирискиот град Идлиб”, изјави турскиот министер за одбрана Хулуси Акар.

Министерот за одбрана Акар денес беше гостин на уредничкиот деск на Anadolu Agency, при што, по повод 8. Март, Денот на жената, одговараше на прашањата на новинарките на АА.

Акар во разговорот со новинарките истакна „Турција е против терористите на ЈПГ, ПКК, ДЕАШ, ФЕТО и Ал Каеда. Турција е против сите терористички групи и нема проблем со било која етничка група, особено со курдските браќа.”

Зборувајќи за борбата што Турција ја води на теренот, Акар изјави „Турција е единствената држава која на терен се бори против ДЕАШ и која неутрализираше повеќемина радикални терористи”, изјави Акар.

Mahir Demişoski