Лидерот на Исламската револуција, ајатолахот Хамнеи ги предупреди иранските власти дека Европа ги лаже, наведувајќи дека “американското непријателство е очигледно, но исто така и дека и Европејците денес се користат со измами”.
На 40-годишнината од народното востание на жителите на Тебриз на 18 февруари, илјадници луѓе од провинцијата Источен Азербејџан се состанаа со ајатолахот Хамнеи, објави Mehr News.
За време на средбата, лидерот на Исламската револуција изјавил дека американското непријателство кон Иран е секогаш било очигледно, но дека Европа се обидува да ја измами неговата земја.
“Не им кажувам на функцинерите што да прават, но им советувам да бидат внимателни за односите во Европа, за да не бидат измамени и да создадат проблеми за земјата”, додал иранскиот врховен лидер.
“Непријателот понекогаш ги покажува своите заби, понекогаш дланките, а понекогаш и насмевката”
Иран во моментов преговара со ЕУ за отворање трговски механизам кој ветува дека ќе продолжи со трговијата со Исламската Република и под санкции на САД само со цел да го убеди Техеран да остане во нуклеарниот договор и покрај повлекувањето на Вашингтон од договорот во мај минатата година.
“Непријателот понекогаш ги покажува неговите заби, понекогаш дланките, а понекогаш и насмевката. Сите овие тактики се исти, дури и нивната непријателска насмевка “, истакнал ајатолахот Хамнеи.
“Нивните валкани и непријателски срца се полни со непријателство кон исламот и исламската револуција”, додал тој.
“Нашиот непријател денес е слаб. Веќе повторив дека ниту еден непријател не може да се смета за слаб. Сепак, денес може да се види дека нашиот главен непријател, односно САД, е во неволја. Тој страда од внатрешни и надворешни проблеми, како и од конфликти меѓу нивните високи функционери. САД страдаат од огромна сума на долгови. Нивните луѓе, и стари и млади, се борат со депресија. Погледнете како заглавијс во Ирак, Сирија и во Авганистан “, рекол ајатолахот Хамнеи.
Иранскиот лидер ги опиша американските претставници како луѓе на кои им недостига мудрост и разборитост, велејќи дека “будалите лишени од мудрост, кои го представуваат врвот на американскиот режим на гнев и очајно прават сé што е можно”.
“Одржуваат самит во Варшава за да ги поттикнат своите исплашени и слаби сојузници да донесуваат одлуки против Исламската Република, но тие не успеваат. Тоа е исто така знак на слабоста на непријателот. Кога непријателот е слаб, тој почнува да вреска и псуе. Кога Исламската република сѐ уште беше слабо стебло, тие не можеа да направат ништо, па сега тие не можат да сторат апсолутно ништо “, истакнал иранскиот лидер.
Тој ги осуди земјите од Персискиот Залив кои влегоа во коалицијата со ционистичкиот режим и со непријателскиот режим на САД, што ги засрамија сите муслимани и веќе беа засрамени во очите на своите народи.
Тој потоа му се заблагодари на иранскиот народ за нивното масовно учество на собирот на 11 февруари во знак на сеќавање на 40-годишнината од Исламската револуција, додавајќи дека “непријателите ќе негираат дека милиони луѓе излегоа на улиците, но ја знаат вистината и знаат дека не можат да им наштетат на луѓето кои се толку силно присутно на меѓународната сцена “.
Ajatolah Hamnei, исто така, им оддаде почит на припадниците на иранската револуционерна гарда, која загинаа во терористички напад во југоисточниот дел на земјата и ги пофали напорите на Корпусот за заштита на границите на Исламската Република.
“Храброста на млади членови на иранскиот револуционерен чин нè потсетува дека тие гарантираат сигурност”, додаде тој.
Предупредување до Европа дека Иран нема да чека до недоглед

Не без причина, како прва вест на официјалната веб-страница на иранскиот врховен лидер, за првпат беше објавена изјава која, на состанокот со членовите на кабинетот на 15 јули 2018 година, ајатолахот Хамнеи ја дал во врска пакетот поддршка на Европската комисија за Иран.
“Задачите треба да се решат на сериозен начин во согласност со законите на земјата. Не треба да очекувате од никого. Еден ден економијата на земјата почна да зависи од нуклеарниот договор. Ама, тој не успеа да ги отстрани нашите економски проблеми и ни помогна на видлив начин. Резултатот беше дека луѓето станаа “условени” од овој договор дека кога Доналд Трамп објави дека сака да излезе од договорот, доживеавме турбуленции на нашиот пазар. Ова продолжи откако го изјави тоа. Затоа, станавме условени и нашиот народ е условен од оваа ситуација “, се вели во интервјуто на иранскиот лидер со членовите на кабинетот во објавениот препис од разговорите.
“Што се однесува до европските пакети и предлози, не треба повторно да ги условуваме луѓето. Се разбира, Европејците немаат друг избор, без оглед на нивното незадоволство. Тие велат дека сакаат да ги бранат нашите интереси преку овие предлози, кои се нарекуваат “пакети”. Сепак, ова не треба да се претвори во едно од главните прашања на нашата земја. Без разлика дали ни се нудат европски пакети, имаме цели што треба да се направат во земјата. Имаме одредени должности и прописи. Овие должности треба да се исполнат и треба да ги следиме. Ние не треба да ја врзуваме економијата на земјата со нешто што не е под наша контрола “, рекол ајатолахот Хамнеи.
Се разбира, тие се однесуваат на непријатен начин, дури и ако не сакам да влезам во дебатата за европските пакети, европското однесување, и така натаму, бидејќи ова бара детална дискусија. Му реков на господинот претседател да се држат на нивниот распоред и континуирано го одложуваат до ноември, па ни даваат малку или не ни даваат ништо откако сè ќе биде цврсто утврдено, вклучувајќи ги санкциите. Тоа е она што тие го бараат и ја покажуваат својата злоба. Читам во весниците дека Трамп изјави дека сака на Тереза Меј да и даде совети за усвојување на строги мерки против Иран, ама наместо тоа, таа му дала свои своети. Тие се такви луѓе. Потоа тие повикуваат д-р. Рохани да им искаже почит и да покаже добра волја. На нив треба да се гледа со сомневање, бидејќи тие се лоши луѓе. Многу се злобни. Имам многу работи да кажам за Европејците, не поради нивната актуелна политика, туку поради злобата што ја покажаа европските влади во изминатиот век. Имам многу да кажам, но сега не сакам да разговарам за овие работи “, изјавил иранскиот лидер.
“Во секој случај, не треба да ја поврзете економијата на земјата со европските пакети. Имаме одредени задачи што треба да се направат внатре во земјата и треба да внимаваме. Се разбира, тие секако треба да се придржуваат до овие пакети. Меѓутоа, во решавањето на нашите проблеми нема да се потпреме на нив. Се разбира, верувам дека односите треба да се одржуваат. Пријателите кои биле во контакт со мене сите овие години знаат дека кога станува збор за дипломатските односи, верувам дека односите треба да се зајакнат, развијат, ажурираат и прошират. Тоа е она во што јас верувам. Не верувам во изолација, прекин на односите и слично, освен во неколку случаи, како што се САД. Покрај тоа, ние треба да ги зајакнеме нашите односи со Истокот. Нашите односи со Запад, исто така, треба да се зајакнат и треба да сториме што е можно повеќе. Оперативните и наменски активности во областа на дипломатијата треба да се прошират. Со други зборови, дипломатијата на земјата треба да ги прошири своите намерни активности “, заклучил ајатолахот Хамнеи.
Препис од најавата за втората фаза на Исламската револуција

По сето она што се случи, јасно е дека зајакнувањето на американските напади врз Иран не се рефлектира само на меѓународната сцена, туку и во одлуките кои Иран ги презема за ревитализација и оптимизација на економијата и одбраната. Во оваа смисла, главната фаза ќе биде втората фаза од Исламската револуција прогласена од ајатолахот Хамнеј.
За да се обидеме да предвидиме барем нешто за идниот развој на ситуацијата во иранско-американскиот конфликт, неопходно е да имаме јасна слика пред нашите очи, составена од реални настани и изјави од одговорни меѓународни структури и политички, воени и други актери. Не би било погрешно да се земе како почетна точка фактот што на 22 февруари претставниците на Меѓународната агенција за атомска енергија во Виена во кварталниот извештај цврсто истакнаа дека Иран сеуште ги исполнува условите на нуклеарниот договор. склучен меѓу Техеран и “големите шест” во јули 2015 година. Се потврди дека Иран продолжува да ги почитува ограничувањата на опремата за збогатување на ураниум, како и количината резерви што земјата може да ги поседува.
Осврнувајќи се на овој документ, Ројтерс објави на 23 февруари дека “и покрај санкциите и притисокот на САД, Иран продолжува да се придржува до клучните одредби во своите нуклеарни активности”. ИАЕА, исто така, истакнува дека инспекцијата е овозможена за пристап до објектите определени за верификација, често со кратко известување, а Иран им дава дозволи без одлагање и ограничувања.
Секој таков извештај издаден од страна на ИАЕА во светот само го зголемува незадоволството и конфузијата во врска со политиката на Вашингтон кон Иран. Откако ќе се прошират овие информации, се повеќе и повеќе земји и политичари се прашуваат кој го прекина нуклеарниот договор, ако само меѓународно надлежно тело утврди дека Техеран не ги крши своите обврски? Одговорот е секогаш ист, се разбира, ова се САД.
Но, американската страна во овој поглед е поддржана од западните сојузници. Затоа, тврдењата на иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, кој ги даде во едно интервју на 23 ноември, покрена некои прашања.
Иранскиот министер за надворешни работи најпрво потврди дека Иран ќе остане во нуклеарниот договор додека иранскиот народ не го посака тоа.
“Според резултатите од анкетата, 51% од населението го поддржува учеството во договорот”, рекол Зариф.
Но, во исто време, тој вети дека “ќе го забави” американскиот претседател Трамп со одмазнички мерки ако се обиде дополнително да го ограничи извозот на нафта на Иран, велејќи дека одговорот на санкциите од САД би можел да ги изненади САД.
“Нема да кажам какви мерки се разгледуваат. Доналд Трамп сака изненадувања “, рече Зариф во интервјуто, и дека одговорот на американските санкции може да ги изненади САД.
Иран навистина може да му приреди многу зиненадувања на Трамп. На пример, да ве потсетам дека на 29 јануари главниот воен советник на иранскиот врховен командант и врховен лидер, генерал Јахија Рахим Сафави, изјави дека развојот на стратешките односи на Иран со глобалните конкуренти на САД, вклучувајќи ја и Русија и Кина, е една од главните стратегии на одбраната на Иран.
Потоа, на 14 февруари ИРНА објави дека иранскиот претседател Хасан Рохани, на маргините на Самитот на претседателите на Русија, Иран и Турција во Сочи, му изјавил на својот руски колега, Владимир Путин, дека иранско-руските односи се “чесни и растечки” и дека Техеран и Москва се движат кон стратешки односи, а двете земји имаат добра соработка за клучните регионални прашања, како што е Сирија.
Во оваа “област”, бројот на изненадувања за САД е непроценлив, особено со оглед на ескалацијата на меѓусебните закани меѓу САД и Русија во последниве недели.
Кога на 19 февруари, на состанокот на Советот за безбедност за Јемен, рускиот претставник во Обединетите нации, Василиј Небенси, изјави дека политичкиот процес во Јемен е главниот фактор во обезбедувањето регионална стабилност, нагласувајќи дека учеството на големите земји, вклучувајќи го и Иран, ќе има клучна улога во обезбедувањето регионалната безбедност и кризата, на светот му стана јасно дека Москва безусловно го призна правото на Иран да учествува во решавањето на регионалните кризи, особено оние што беа предизвикани во непосредна близина на иранската територија.
Според генералот Сафави, претседателот Рохани и рускиот дипломат Небензи, јасно е дека планина на изненадување ги чека не само американските политичари, туку и војската на Блискиот Исток, Авганистан, Кавказ и Централна Азија, регионот на Персискиот залив и Арапскиот полуостров воопшто.
Ама, сојузник на Техеран не е само Русија. На 20 февруари, за време на состанокот на кинескиот претседател Кси Џинпинг со иранскиот амбасадор во Пекинг, кинескиот лидер изјави дека неговата земја се обидува да развие “сеопфатни стратешки врски со Иран”.
За време на состанокот тие рекоа дека пријателските односи меѓу двете земји траат повеќе од 2000 години и дека ниту една земја не може да ги прекрши, иако ова е главната цел на администрацијата на претседателот Трамп.
Што друго би можело да биде неочекувано изненадување за американскиот претседател? Кинеските и иранските изјави во Пекинг во февруари се одличен додаток на фактот дека Иран и Русија зборуваа за нивниот напредок “за стратешки односи”.
Не беше случајно тоа што во Техеран, Сочи и Пекинг неуморно се користеше зборот “стратешки”, “стратешки” … Тоа е сигурен вовед дека, ако не и денес, тогаш утре, сигурно ќе има јасни договорни, трилатерални обврски на овие евроазиски сили за стратешко поврзување во светот .
Однесувањето на САД најверојатно нема да се промени, па така, заедничките чекори меѓу Иран, Русија и Кина се меѓусебно поврзани со обединување на трипартитните напори за спасување на планетата од глобална “жешка” војна.
Затоа, обрнуваме внимание на следните информации. На 20 февруари, Ху Ксинџинг, главниот уредник на “Глобал тајмс”, й изјави на иранската државна агенција ИРНА дека западните медиуми ја искривуваат регионалната реалност.
“Со цел да се спротивстави на доминацијата на медиумите и хегемонијата на САД и Западот, потребна е соработка на медиумите на Иран, Кина и Русија”, истакнал Ху Ксинџинг, истакнувајќи дека западните медиуми ги искривуваат фактите и го засенуваат Иран.
Кинески официјален претставник истакна дека, за разлика од западните медиуми, за време на неговиот престој во Техеран, тој сведочеше за напредокот на иранскиот народ, и покрај санкциите од САД. Тој, исто така, изрази задоволство од договорот за соработка потпишан од IRNA и China Global Times, и изјави дека е импресиониран од активностите и улогата на жените на различни лидерски позиции и вести од медиумите на ИРНА.
Како што гледаме, Иран и Кина веќе ги преземаат првите чекори во заедничкиот отпор на фалсификати и дезинформации на информативниот фронт, кој западните медиуми под водство на САД го исполнуваат глобалниот пазар на информации.
Повикот испратен во Русија, исто така, звучи како да работи заедно на информативниот фронт, и дека трите земји се борат заедно со “кадифени” непријатели кои изобилно доаѓаат од Запад.
На што ќе одговорат водачите на руските медиуми треба да се види, но кој и да одговори од Русија, не е мудро да се отфрли иницијативата што е веќе одобрена на највисоките нивоа во Пекинг и Техеран. Покрај тоа, Русија постојано беше подложена на разни видови на “технологии” на дезинформации и русофобија од САД и многу европски земји и координиран трилатерален отпор кон протекувањето на информациите на лагите од Запад навистина ќе биде непријатно изненадување не само за САД, туку и за про-комерцијални кукли од целиот свет.
Ако се фокусираме на една од најновите изјави на официјалниот претставник на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захара, впечатокот е дека постои желба во Москва да се разгледаат сугестиите за соработка меѓу медиумите на Русија, Кина и Иран.
Захарова изјави за новинарите дека “отворената организација од Њујорк наречена Унија против нуклеарен Иран (УАНИ) испратила писма до руските компании што работат во Иран, давајќи им две недели за да ги пријават своите активности во Исламската Република”.
“Ние веруваме дека таквите акции се неприфатливи и предизвикуваат длабока загриженост. Обидите да се притисне и да се загрози рускиот бизнис се продолжување на нефер антииранските активности на американската администрација “, истакнала Захарова.
Во исто време, студијата за протокот на информации од Иран во текот на изминатата недела покажа дека Иран и неговите медиуми веќе почнаа да објавуваат “изненадувања” кои директно влијаат на САД.
На пример, на 22 февруари, Мех Њус објави дека неколку терористи на Исламската држава и членовите на нивните семејства го напуштиле источниот регион Еуфрат со повеќе од 50 камиони на американската коалиција. Евакуацијата се случи “по таен договор меѓу двете страни”, односно помеѓу терористите и американската војска.
Во тоа време, сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон (SOHR) потврди дека на 20-ти февруари, повеќе од 50 затворени камиони со милитанти на ИСИЛ и членови на нивните семејства ја напуштиле областа на селото Ал-Багуз и источниот брег на Еуфрат.
Иранскиот одговор испратен до сириските Курди е дали можат, после таквиот договор меѓу терористите и САД, да се откажат од дијалогот со официјалните власти на Сирија?
Но, главната работа, се разбира, не е во согласност и соработка на сириските Курди, туку во фактот дека Иран со помош на разни технологии и средства, уште во февруари 2019 година, Иран ја откри најблиската врска на Вашингтон со терористичките банди.
Во врска со горенаведените информации, на 19 февруари, во говорот во градот Исфахан, генералот Сафави изјавил дека пакистанската влада и нејзината разузнавачка служба треба да одговорат на барањата на иранскиот народ и на владата и да ги казнат одговорните за неодамнешниот терористички напад во југоисточната провинција Иран, Систан и Балучистан.
Сафави додаде дека 16 истражувачки организации во Европа објавиле документ под наслов “Светот 2030”, според кој саудистите во тоа време нема да постојат, додека Иран ќе биде најмоќната земја во регионот.
Претходно, генералот Сафи директно ја обвини Саудиска Арабија за поддршка на терористички групи што дејствуваа против Иран и рече дека Пакистан и нејзината служба за ИС треба да го објаснат неодамнешниот самоубиствен напад врз автобусот на ИГГЦ во југоисточниот дел на Иран.
Терористичкиот напад врз Иран не беше организиран од Исламабад, туку од Вашингтон

Ова “изненадување” за марионетата на САД не помина незабележано. По изјавите на иранскиот генерал, поранешниот пакистански министер за одбрана, Наим Калид Лоди, изјави дека САД биле вмешани во неодамнешен терористички напад врз иранските сили во провинцијата Систан-е-Балучистан и дека Соединетите Американски Држави продолжуваат да ги поддржуваат своите криминалци.
Во една статија насловена како “Скриени американски игри” објавена во пакистанскиот дневен весник “Дунја” на 21 февруари, поранешниот пакистански министер за одбрана напишал: “САД ги поддржуваат криминалците кои го извршија терористичкиот напад во Систан и Балучистан”. Поранешниот пакистански воен претставник, кој сега е член на Истражувачкиот центар Исламабад, исто така изјави дека нападот е несомнено тајна операција насочена кон создавање тензии меѓу Техеран и Исламабад.
“Вашингтон долго време се обидува да го дестабилизира Пакистан, но кога не успеа да ја постигне таа цел, тој се обиде да го дестабилизира целиот регион со цел да привлече внимание од меѓународната заедница од неговото повлекување од Авганистан”, истакнал Лоди.
Како што гледаме, постојат кругови во Исламабад, кои се подготвени да ги поддржат “изненадувањата” што Иран ги подготвил за претседателот Трамп и за целата американска елита.
Потоа, на 23 февруари, како пишува весникот “Техеран тајмс”, иранскиот министер за одбрана, бригадниот генерал Амир Катами, изјави дека САД планирале да го задржат ИСИЛ во регионот за 30-40 години, но не успеа.
Катами, исто така, укажа на недостатоците на Вашингтон, велејќи: “Тие сакаа на нашите соседи да им покажат дека нашата дефанзивна моќ е слаба, но ја покажавме нашата сила во зачувувањето на регионалниот мир и безбедност.
Денес, непријателите ја напаѓаат душата на нашиот народ и сакаат нашиот народ да биде разочаран и да не верува во раководството на земјата, но тие нема да успеат. Ние не треба да бидеме разочарани бидејќи денес сме на побезбедна платформа “.
Генералот Катами, исто така, изјавил дека Иран успеал да ги уништи заговорите на непријателот во регионот и да ја добие војната: “Ја започнаа војната, ама ние го завршивме”.
Иранскиот министер за одбрана, исто така, истакнал дека 85 отсто од одбранбените потреби на Иран се произведени во земјата. Овие бројки се изненадување за противниците на Иран, бидејќи бригадниот генерал Катами јасно стави до знаење дека во случај на директна војна против иранската армија, непријателите не можат да се потпрат на било кое “ембарго” за разоружување на Иран и да сонуваат за “напуштање на снабдувањето со оружје од странство за целото оружје или само делови “.
Во исто време, командантот на воздухопловните сили на ИРГК, бригадниот генерал Амир Али Хаџизод, истакна дека иранската страна е во позиција да ги контролира беспилотните американски и израелски авиони.
“Седум или осум американски авиони без екипаж кои редовно летаа низ Сирија и Ирак беа под наша контрола ги читавме податоци од нив и успеавме да ги добиеме информациите од прва рака”, изјавил генералот.
Преку каналите за комуникација на овие беспилотни летала, разузнавачките агенти на ИГГЦ успеаја да навлезат во командниот центар на американската војска. ИРГЦ покажа видео што покажува како американскиот дрон почна да се расипува и грубо се спушти во пустината на 10 километри од својата база.
Американските војници не беа сигурни кој управуваше со дронот и испрати авион да го бомбардира беспилотно летало.
И во светлината на она што е веќе кажано, логично е наредбата на Врховниот лидер на Исламската револуција, ајатолахот Сајед Али Хамнеи, за распределба од 1,5 милијарди евра од Националниот фонд за развој за зајакнување на одбранбениот сектор во Иран.
Според Мехр њус, тоас го најавил иранскиот парламентарец Лариѓани на 24-ти февруари а иранските пратеници го ратификуваа законот според кој 2.375 милијарди евра би можеле да бидат повлечени од Националниот развоен фонд за различни цели, вклучувајќи и 1,5 милијарди евра за одбраната.
Лариџани рече дека, врз основа на барањата на пратениците, му понудил на врховниот лидер 15 различни опции за повлекување средства од Националниот развоен фонд. Ајатолах Хамнеј одобрил 10, но нивниот број не може да се смени.
Ова сугерира на тоа дека на највисоко ниво во Иран, длабоко се свесни за специфичноста и важноста на тековната фаза на развојот на иранската државност, а со тоа, врз основа на проценка на вистинска надворешна воена закана, и покрај тешкотиите во економијата и компликациите во социјалната сфера, тие со право веруваат дека безбедноста на земјата може и мора да заштеди.
Одлуката на ајатолахот Хамни ја одразува вистината која иранскиот министер за надворешни работи, Џавад Зариф, ја потврди германскиот Дер Шпигел.
“Иран е принуден да се брани бидејќи регионот е преплавен со разни оружја”, изјавил Зариф за германскиот весник.
Како одговор на изјавите кои ја опишуваат иранската ракетна програма како закана, Зариф потсети дека во 2018 година само земјите од Персискиот Залив купија оружје во вредност од 100 милијарди долари од различни земји, вклучувајќи ја и Европа, а буџетот за одбрана на Иран е само дел од таа сума, посочувајќи дека оружјето на Иран се користи исклучиво за одбрана.
“Ако Европа не сака Иран да изгради ракети, нека и продаде борбени авиони на иранската армија, бидејќи нашата земја не може да остане без одбрана во таква средина”, истакнал Зариф.
Но големото “изненадување” за анти-иранските сили би можело да биде изјавата на иранскиот Висок совет за економска координација на 24-ти февруари. На него присуствувал претседателот Рохани, претседателот на парламентот Лариџани, министерот за правда Ајатолах Садег Ардашир Амоли и други високи функционери.
Членовите на Советот дополнително ја опишале и откриле суштината на втората фаза од Исламската револуција прогласена од ајатолахот Хамнеи, нарекувајќи ја мапата за напредок во зајакнувањето на револуцијата и исламскиот државен систем во следната деценија и повикаа на целосно спроведување на изјавата на врховниот лидер.
Покрај тоа, на состанокот со кој претседавал иранскиот претседател Рохани, бил презентиран извештај за економската ситуација во земјата, а релевантните министерства и организации од економијата ги презентирале своите предлози за подобрување на економското управување.
Очигледно е дека е одобрен планот за оптимизација за вториот период од “економијата на отпорот” зборувајќи со јазикот на ајатолахот Хамнеј. Исто така е јасно на кого иранската економија “ во втората фаза од исламската револуција“ ќе му се спротивстави”.
Тие се САД, Израел и оние марионети кои ќе ја следат анти-иранската политика на Вашингтон и Тел Авив.
Но, со оглед на распределбата на дополнителни дополнителни буџетски средства за развој на одбраната, “втората фаза на Исламската револуција” во Иран не се однесува само на економијата, туку и на развојот и зајакнувањето на одбранбените способности на Иран и развојот и зајакнувањето на иранскиот военно-индустриски комплекс.
Со успешните вежби за лансирањето на крстосувачки проектили од подморниците, се чини дека “изненадувањата” што ги вети иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Јавад Зариф, на 23-ти февруари направија чекор напред.
Извор: logicno










