Thursday, June 4, 2026
Home Хроника Македонски државјанин уапсен во Белград со над четири килограми хероин

Македонски државјанин уапсен во Белград со над четири килограми хероин

0
231

Српската полиција во Белград уапси 54-годишен државјанин на Македонија, во чиј автомобил биле пронајдени над четири килограми хероин.

Тој бил приведен заедно со украински државјанин, со кого, се наоѓале во возило ауди а-6 со романски регистерски таблички.

Како што соопштува српското МВР, дрогата била пронајдена во внатрешниот дел од алуминумските фелни на автомобилот.

На осомничените им е одреден притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе бидат изведени пред вишо јавно обвинителство во Белград.