(ВИДЕО) Пакистан урна два индиски воени авиона, заробен еден пилот

0
231

Пакистанската армија соопшти дека изутрината урнала два индиски воени авиона кои се нашле во воздушниот простор на Пакистан. Едно од леталата паднало во делот на Кашмир, контролиран од Пакистан, а другиот во делот што е под контрола од Индија.

Пилотот од едниот авион е заробен и за кратко време материјалите од неговото приведување се поставени на социјалните мрежи.

Портпаролот на министерството за надворешни работи на Пакистан, Мохамед Фаисал, рекол дека пакистанските сили го извршиле нападот за да го покажат своето право, желба и способност за самоодбрана.

“Не сакаме ескалација, но потполно сме подготвени да одговориме ако бидеме принудено на тоа“, изјавил Фаисал.