ВЕНЕЦУЕЛА: Гуаидо ги изгуби сите битки, му останува “службено“ да побара воена интервенција

0
289

Како што објавивме на 23 февруари, венецуелските безбедносни сили успешно го спречија влезот на таканаречената “хуманитарна помош” во земјата.

Резултатот со кој може да се “пофали” самопрогласениот претседател Хуан Гуаидо се тројца војници во бегство и двајца пониски офицери, на кои Хуан Гвидо на границата со Колумбија им даде прошка, иако не е јасно зошто. Освен на копно, армијата на земјата го забрани и влегувањето во Венецуелските територијални води на брод со 250 тони таканаречена “хуманитарна помош” која доаѓала од Порторико.

Ракетната фрегата“AB Almirante Brión F2” почнала да му се приближува на брод кој влегол во територијалните води на Венецуела, по што бродот од Порторико ги променил своите координати и отпловил до соседните Антили.

Вчера, Хуан Гаудио отпатува за главниот град на Колумбија, Богота, каде што ќе се состане со претставници на групата земји од Лима и американскиот потпретседател Мајк Пенс.

Советниците на Пенс изјавија дека потпретседателот патува во Богота во знак на поддршка на Хуан Гаудо после викендот исполнет со насилство.

САД заради насилствата би можеле да наметнат нови санкции за Каракас, со цел да владата на Мадуро да остане без приходи.

Висок американски официјален претставник во петокот им изјави на новинарите дека Пенс, доколку Мадуро не ја пушти хуманитарна помош за земјата, ќе биде подготвен да објави нови санкции и да изврши дополнителен притисок врз државната нафтена компанија PDVSA.

“Без разлика дали има насилство или какви било негативни реакции од воениот самит на Венецуела, би можело да се наметнат мерки што ги најави потпретседателот и другите земји и дополнително да го затвори меѓународниот финансиски круг за Мадуро”, изјавил функционер.

Мадуро тврди дека целта на помошта е да се поткопа владата и пресметал дека трите испораки на помошта што се испраќаат до колумбискиот град Кукута, предаден на авиони Ц-17, може да помогне само за 0,13% од населението во Венецуела, додека владината програма CLAP обезбедува секојдневно храна за милиони луѓе.

Американски и колумбиски хуманитарни претставници тврдат дека станува збор за 3.500 пакети помош за неисхранети деца и хигиенски потребштини за 20.000 луѓе. Хигиенски материјали?! Сосема чуден избор на приоритет за помош.

C-17-Globemaster-III
ФОТО: илустрација, транспорт авион C-17-Globemaster-I

Што се однесува до “хуманитарниот” настан во Cúcuti, важно е да се истакне дека максималниот капацитет на авионот C-17 е 77.500 килограми, а досега пријавената тонажа на “хуманитарна помош” е помала, а Каракас се сомнева дека товарот не е “хуманитарна помош”.

Во секој случај, ако САД сакаат да обезбедат помош како владина мрежа CLAP, за милиони семејства со комбинирани пакети храна од 18 килограми по член на семејстви УСАИД ќе треба да организира околу 232 летови.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео на Твитер објави дека “САД ќе преземат акција против оние кои се противат на мирна реконструкција на демократијата во Венецуела”, објави ДПА.

Сенаторот Марк Рубио на Твитер објави фотографија направена за време на ликвидацијата на либискиот лидер Гадафи, која сите ја протолкуваа како порака до Мадуро и каков крај може да се очекува. Меѓутоа, под морбидната порака на Марко Рубио, еден од корисниците објави слична фотографија на поранешниот американски амбасадор во Бенгази, Кристофер Стивенс, кој беше снимен полумртов, непосредно пред да биде ликвидиран во нападот во 2012 година од страна на либиската исламиска милиција.

Во серијата пораки, Помпео го критикуваше Мадуро за блокирање на поддржувачите на опозицијата, кои се обидуваат да испорачаат “помош” за Венецуела, иако буквално таа е мизерна и платени со милијарди кои американските банки и ги замрзнаа на Венецуела.

“Каков вид на болен тиранин ја блокира храната да не ја добијат гладни луѓе?”, наишал Помпео.

Обидот да се пробие “хуманитарен конвој” на опозицијата во Венецуела, за многумина доби изненадувачки, успешен одговор и беше отфрлен. Претседателот Николас Мадуро го прогласи неуспехот на државниот удар. Потоа, лидерот на опозицијата, Хуан Гуаидо, недвосмислено ги повика странските држави да интервенираат со сила. Треба ли да очекуваме дека борбата на “силите на демократијата” и нивните куратори против уставната влада на Мадуро да се трансформира во вооружен конфликт со учество на интервентисти?

Marco Rubio Twitter
ФОТО: Марко Рубио и Твит со Гадафи

Некои аналитичари се склони да веруваат дека ова сценарио може да дојде само ако САД успеат да ја вооружат опозицијата или да ги убедат соседните земји да завојуваат против владините сили, но САД немаат намера да изгубат луѓе и технологија во борбата против добро вооружената и обучена армија на Венецуела.

“Обидот за државен удар во Венецуела не успеа”, изјавил претседателот Николас Мадуро, говорејќи на собирот на поддржувачи во саботата навечер.

На тоа му претходеа конфликти на границата со Колумбија, каде што активистите на Венецуелската опозиција се обидоа да пробијат кордон со наводна “хуманитарна помош” кој на границата пристигна од колумбискиот град Кукута.

Властите во Венецуела тврдеа дека камионите не пренесуваат само храна, лекови и производи за лична хигиена, туку и пратки со оружје и дека во нив се припадници на специјалните сили на САД, исто како и со “тројанскиот коњ”.

Безбедносните сили, кои опозицијата и Вашингтон не успеаа да ги уверат и свртат грбот на Мадуру, не се двоумеа и користеа солзавец и гумени куршуми за да го одбијат конвојот. На колумбиската страна од мостот, неколку камиони на “хуманитарниот конвој” биле запалени, а остатокот бил вратен.

Во конфликти, според различни извори биле ранети од неколку десетина до неколку стотици луѓе. Меѓу нив е чилеанката Никол Крам, новинар на “Редфиш”, која чудесно го преживеала налетот на оклопните возила со кои дезертирале тројца венецуелски војници.

Мадуро има причина да зборува за победа над непријателот. Зборувајќи за бегството на неговите противници во Колумбија, тој рекол: “Што постигнавте за време на овие 30 дена дестабилизација? Ништо! ”

Искрено, дестабилизацијата на Венецуела трае многу подолго од 30 дена, но остануваме во претставата со “уличниот претседател ” Хуан Гуаидо.

Судирот на границата, Мадуро го нарече “шоу” договорено меѓу опозицијата и САД и Колумбија.

Москва јасно го оцени исходот од конфликтот

Moskva Kremlj Crveni trg
ФОТО: Москва

“Обидот за разбивање на венецуелската граница со хуманитарна помош не успеа. Владата на Мадуро изгледа посилна од кога било, а армијата е посигурна отколку што очекувале противниците “, изјавил сенаторот Алексеј Пушков, додавајќи дека силите на Мадуро ќе продолжат да бидат тестирани.

Во исто време, конфликтите со противниците на мадуро ја дадоа потребната “слика” на ситуацијата во земјата. Во неделата, Ројтерс упорно известуваше за “двајца убиени демонстранти”, дури и пред Стејт департментот да соопшти дека “вооружени банди биле испратени од страна на Мадуро за напади врз цивили”. Се разбира, насловите на светските медиуми беа полни со наслови како “режимот на Мадуро ја запали хуманитарната помош”.

Во овој контекст, самопрогласениот “претседател” Хуан Гуаидо, кој ги следел “хуманитарните” камиони од колумбиската страна на границата, отворено бараше директна интервенција во работите на својата земја.

“Настаните ме принудуваат да донесам одлука и официјално му понудам на меѓународната заедница да обезбеди на кој било начин слободата за нашата земја”, напишал Гуаидо на Твитер, ова “на било кој начин” значи сила.

Подоцна, Гуаидо ја потврди својата посветеност на военото решение за конфликтот. Неговиот претставник официјално побара од групата Лима, која вклучува 12 американски држави кои го признаа Гуаидо “да го зголемат дипломатскиот притисок и да употребат силата против диктатурата на Николас Мадуро”.

Овие зборови исто така ја вклучуваат изјавата на државниот секретар Мајк Помпео, кој отворено рече дека САД сакаат промена на власта во Венецуела, но исто така и во Куба и Никарагва. Мајк Помпео, исто така, се закани дека САД “ќе преземат акција” против сите оние кои би се мешале во “враќањето на демократијата” во Венецуела.

Дали ова значи дека треба да чекаме за странска интервенција во венецуелската криза? Можно, но таа нема да ги вклучи американските сили.

Нема да има американска инвазија. Американскиот заменик-претседател Мајк Пенс добро знае дека целата латиноамериканска заедница ќе се спротивстави на таква интервенција. Покрај тоа, почетокот на инвазијата ќе ги обедини луѓето од Венецуела, без оглед на нивните политички ставови.

Juan Guaido
ФОТО: Хуан Гваидо

Се разбира, тензијата во Венецуела ќе продолжи. Помина еден месец откако Хуан Гуаидо, легитимен претседател на Националното собрание, се прогласи себеси за шеф на државата. Сега сака да обезбеди испорака на “хуманитарна помош”, но таа не дојде.

Економската состојба на Венецуела може да се нарече трагична. Факт е дека повеќе од 3 милиони луѓе веќе емигрирале од земјата и тоа не може да биде скриено. Според проценките на Меѓународниот монетарен фонд, вкупниот пад на БДП во земјата од 2013 година изнесуваше повеќе од 50%, а нивото на акумулираната годишна инфлација изнесуваше 1.7 милиони во 2018 година и 191.6% во јануари.

Во таква ситуација, Гуаидо и неговите поддржувачи очекуваат владата да не се поткопува со сила, туку со дистрибуција на “хуманитарна помош”, што може да изгледа логично, но таа помош е мизерна и недоволна.

Тековниот економски и социјален колапс му дава на Гуаидо изговор да го обвини “режимот на Мадуро” дека издавал наредби на командантот Хуго Чавез и вели дека оваа влада “донела глад, насилство, репресија и страв во Венецуела и Националните вооружени сили”.

Од тука, експертите заклучуваат дека, Хуан Гуаидо и други противници на сегашните власти во Венецуела очекуваат владата да падне и со внатрешно незадоволство чекајќи наследникот на Чавез да биде лишен од поддршката од страна на сиромашните и војската, односно на оние на кои “чавистите” секогаш се грижеле најмногу, вклучувајќи го и самиот Мадуро.

САД тврдат дека се подготвени за воена опција, но досега само реторички. Сепак, таквото “ослободување” за Гуаидо би била “пирова-победа”, бидејќи во Каракас сигурно нема да биде добро примен кога ќе влезе со “американските тенкови”.

Во меѓувреме, границата на земјата е буквално блиндирана. Три моста што ја поврзуваат Венецуела со Колумбија се блокирани, а Николас Мадуро нареди и затворање на границата со Бразил. Судејќи според изјавите на властите и најавите на независните новинари кои се јавуваат од Каракас, во главниот град владее мир.

Сега следните чекорите зависат од одлуките што ги објави Мајк Пенс во Богота, а ќе ги спроведе Групата Лима и, се разбира, Хуан Гуаидо, чие мислење воопшто не е важно.

Последните вести велат дека, на средбата ќе присуствува и главниот човек на УСАИД, Марк Грин, кој планира да побара вооружена придружба за неговите “хуманитарни активисти”. Ова може да значи дека следниот обид за пробив ќе се претвори во конфликт со венецуелските безбедносни сили и воена интервенција. Уште не е наведено кој треба да го обезбеди “хуманитарен конвој” и дали Колумбија или другите земји ќе го прифатат овој предлог? Владата на Мадуро сега има причина да слави, но војната не е завршена.