Сообраќајка кај „Теферич“, повредено 15-годишно дете

0
200

Струга, 24. февруари 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 23-ти овој месец, во 16:20 часот, на локалниот пат во населбата „Теферич“ во Струга, 39-годишниот Ф.Б. од струшкото село Шум, управувајќи патничко возило „Опел астра“ со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

– Притоа, со тешки телесни повреди се здобил неговиот 15-годишен сопатник од селото Шум, кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица од Струга, информираат од МВР. (Крај)