Ракетен фрлач најден среде улица во Македонија

0
406

(Дубаи-Портал) Денес околу 13:15 часот, во СВР Тетово стигнала пријава од 44-годишниот Н.Ф. од Тетово, дека пронашол рачен ракетен фрлач, на местото викано ,,Црн Камен“.

Полициските службеници констатирале дека се работи за ракетен фрлач РБП 64 мм М 8- од СФРЈ.

Рачниот фрлач бил подигнат од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување и предаден за понатамошна постапка.