Ербас: „Исламофобијата надмина секаква мерка”

0
179

Ербас во свето предавње на Универзитетот „Сабахатин Заим” во Истанбул потсети на важноста која исламот ja придава на науката и укажа на потреба од научно делување со цел сузбивање на исламофобијата.

ИСТАНБУЛ (AA) – Претседателот на Управата за верски прашања на Турција, Али Ербас, изјави дека исламофобијата надминала секаква мерка и дошла на ниво на анти-исламот, јавува Anadolu Agency (AA).

Ербас во свето предавње на Универзитетот „Сабахатин Заим” во Истанбул потсети на важноста која исламот ja придава на науката и укажа на потреба од научно делување со цел сузбивање на исламофобијата.

Потсетувајќи дека божјиот пратеник Мухамед по хиџрата, преселувањето од Мека во Медина, најпрвин работел на изградба на џамијата која и денес постоји, а со неа работел и на институциите со цел едуцирање и воспитување на луѓето, Ербас рече дека неуморната работа на пратеникот Мухамед во текот на неговата пратеничка мисија во траење од 23 години сама по себе зборува за важноста на воспитувањето на луѓето.

Показателот на важноста која исламот ја придава на образованието и воспитувањето на луѓето е во фактот што муслиманите ги ослободувале заробениците од битката на Бедр, првата битка во историјата на исламот, само доколку десет муслимани би ги научиле да читаат и да пишуваат.

„Во човечката историја нема слични примери. Исламот на овој начин ја вреднува науката, знаеењето, образованието и милоста”, рече Ербас.

Меѓутоа, како што рече Ербас, исламофобијата надминала секаква мерка и дошла до ниво на анти-ислам.

„Терористичките организации како ДЕАШ, преку злоупотреба на верата придонесуваат кон делувањето против ислаот. Токму поради тоа покренавме опсежна кампања против злоупотреба на верата и верските чувства кај луѓето”, рече Ербас.