Турција на врвните места во Европа и светот во оранжериското производство

by Administrator

94 отсто од оранжериското производство во Турција го сочинуваат зеленчукови производи, 5 отсто овошје и 1 отсто украсни растенија

Турција од аспект на оранжериското производство од 752 илјади декари се наоѓа на второ место во Европа, а на четврто место во светот.

94 отсто од оранжериското производство сочинуваат зеленчукови производи, 5 отсто овошје и 1 отсто украсни растенија.

На тој начин во 2017 година беа произведени вкупно 7,8 милиони тони оранжериски производи од кои 7,3 милиони тони сочинуваа зеленчукови производи, а 479 илјади тони овошје.

Во 2017 година беа произведени вкупно 12,7 милиони тони домати од кои пак 30 отсто односно 3,8 милиони тони домати беа произведени во оранжерии.

Оранжериското производство во Турција се остварува во 70 градови и поголемиот дел од претпријатијата работат како мали семејни претпријатија.

Како во придонесот во оранжериското производство, така и по бројот на оранжериските претпријатија на преден план се истакнуваат Анталија, Мерсин, Адана, Мугла, Ајдин и Измир.

Претпријатијата во овие наведени 6 града сочинуваат приближно 90 отсто од оранжериското производство во Турција.

You may also like