“Многу љубители на фудбалот од синоќа го сменија правецот на гледање према Нико Ковач”.
Од самиот почеток на сезоната поради некои недостатоци во играта, изборот на играчи и неочекувани резултати, поединци почнаа со сомневањето дека Нико Ковач, не е тренерот со кој Бајерн Минхен може да се искачи на тронот во Бундес лигата и Лигата на Шампионите. Иако навистина во почетокот на сезоната, како тренер имаше пропусти во доста работи, несогласувања со некој од играчите кој упорно ја бараа својата минутажа, сепак, дојдовме до моментот кога конечно гледаме стабилна ситуација во Баерн, како внатре, така и надвор од теренот. Синоќа на натпреварот добивме резултат 0:0. Резулат кој покажува многу, освен две обични нули како број. Од нерешениот резултат на гостинсувањето на Енфилд, Баерн, дојде до многу предности.
Една од главните работи што синоќа можевме да ја забележиме, е, како играчите се пронајдоа во тој стил на игра. Тргнувајќи од Мануел Нојер, па се до Роберт Левандовски и така анализирајќи ги додавањата пред шестнаестерецот, споразумот помеѓу Кимих-Хумелс-Шуле-Алаба-Мартинез, беше она што ни недостигаше кога функционирањето на одбраната е во прашање. За средишниот ред, како столб како што споменав, Хави Мартинез, играчот кој незнам по кој пат заслужува признание за еден од најдобрите играчи кој Баерн ги имал, синоќа како играч на натпреварот, навистина, покажа игра повеќе од онаа игра која се очекува од еден играч на неговата позиција. Навремените интервенции, точните додавања, водењето на топка од едното во другото поле, сето тоа сосема доволно за да го убеди на тренерот дека моментално нема подобар во тимот на неговата позиција.Од офанзивната игра, триото Коман-Левандовск-Гнабри е уште еден од доказите како, Нико Ковач, со тек на време што повеќе и повеќе ги уигрува овие три играчи. Можеби не видовме погодок, но, понекогаш и најдобрите три напаѓачи кога би и имал во тимот, може да им се случи да го завршат натпреварот без даден погодок, а веќе сме сведоци на доста такви натпревари во доста фудбалски лиги, каде, триото на Реал Мадрид или Барселона завршуваат натпревар без погодок. Сето тоа се сведува и на одбраната на противничкиот тим, точно дека Ливерпул има добри обрамбени играчи кои си ја знаеа работата,но, према стилот на игра од синоќа, сепак, можеме да заклучеме дека Баерн повеќе играше дефанзивно, отколку офанзивно. Да се вратеме на целта на оваа анализа, Нико Ковач, млад тренер кој што направи голем чекор со Ајнтрахт Франкфурт, моментално себе си а и Баерн го води во оној правец, кој, и управата и фановите го сакаат. Покрај несогласувањата кој ги имаше во тимот во минатите месеци, незадоволството на некои играчи поради недоволно минутажа, како времето поминува, према изјавите на истите тие играчи или нивните агенти, ситуацијата драстично се подобрува. Тоа е еден добар знак дека работите во Баерн одат во добар правец.Најголемата промена во стилот на игра беше, уште од самиот почеток на натпреварот како одбраната со добра контрола на топката и комбинации од кратки,долги – високи и ниски додавања, се до моментот кога тројца или четворица противнички играчи ќе се приближеа до шестнаестерецот, па топката да се префрли напред и организира контра напад.

Повеќе пати им успеа оваа тактика на Баварците, но неуспеаа да постигнат погодок.Дека синоќешната тактика функционира веќе подолго време, е фактот дека Баерн веќе 17 утакмици е непоразен. Оваа дефанзивна тактика го прави класа тренер на Нико Ковач.Некои фанови на Баерн почнаа да го нарекуваат Мини-Мурињо, кој е исто така познат по дефанзивната игра и паркирање автобус пред шестнаестерецот.Со ова моментално темпо кое, секој ден се подобрува, со вакви игри на гостинските терени, Баерн и Нико Ковач чекорат кон шестата титула во Лигата на Шампионите.
Со тактички умерениот план, во слични нијанси на оној од Франкфурт, кој е навистина корисен, на едно од најдобрите триа моментално не му даде ниту сантин простор сериозно да се заканат на голот. Одлично оддржана лекција, со донесување вакви резултати се продолжува во наредните фази од натпреварувањето. Ковач е тренер кој сеуште учи од играчите на Бајерн, а не играчите од него. Тука е поентата на балансот кој почна да владее внатре и надвор од тимот.

Mahir Demišoski









