Франција неочекувано и` ја ускрати поддршката на Германија во изградбата на гасоводот “Северен ток 2“, известува дописникот на Süddeutsche Zeitung. Во претстојното гласање за амандманите на новата гасна директива на ЕУ, Париз ќе гласа за поголема контрола над проектот од страна на Европската комисија. На тој начин Берлин изгубил важен сојузник, пренесува германскиот весник.
Денес, ќе се одржи важно гласање во Европската унија за да се одреди иднината на проектот “Северен тек 2“, пишува Süddeutsche Zeitung. Непосредно пред гласањето, Франција неочекувано зазеде спротивен став од Германија.
Париз се спротивстави на изградбата на гасоводот, истакнувајќи дека тоа би можело да предизвика “стратешки проблеми” во односите меѓу Москва и Европа.
“Не сакаме да ја зголемиме зависноста од Русија и понатаму да ги нарушиме интересите на земјите на ЕУ, како што се Полска и Словачка”, соопштиле француските власти.
Ќе се гласа за амандманите на на т.н. гасна директива на ЕУ. Берлин веќе неколклу месеци се спротивставува на сите обиди за промена на овој документ, заради што Европската комисија не можеше да се меша во изградбата на овој проект “Северен тек 2”.
Германија сметала на поддршката на Франција со што би превладала малцинската блокада за надминување во ЕУ. Сојузници на Германија во оваа област се Холандија, Белгија, Австрија, Грција и Кипар. Но тоа не е доволно. Без Париз, Берлин тешко ќе инсистира на своите барања. Германија сега ќе мора да добие поддршка од другите земји на ЕУ, но ова нема да биде лесно.
Во исто време, јасно е дека Париз има намера да стапи во конфликт со својот главен партнер во Европската унија, иако соработката меѓу Париз и Берлин е клучна за Европа, пишува Süddeutsche Zeitung.
Оваа позиција може да се промени само доколку претседателот Емануел Макрон лично интервенира за ова прашање и денес дојде до пресврт за време на гласањето, заклучува германскиот весник.
Потсетуваме дека речиси сите германски медиуми, откако Берлин испрати писмо до Европската комисија минатата недела, беа убедени дека оваа приказна е завршена и дека амандманите кои исклучиво ни се однесувале на руските проекти нема да бидат усвоени, бидејќи допираат во интересите на Германија.
По вчерашната одлука на Париз, кој соопшти дека ќе ги поддржи амандманите, сè се враќа на почетокот. Германија е особено загрижена дека новата рамка создава предуслови за Европската комисија да добие ексклузивни овластувања во регулирањето на домашниот германски пазар за гас, бидејќи до сега областа на меѓувладини договори е во надлежност на одредени земји од Европската унија.
Извор:Suddeutsche Zeitung









